Eternal Strands: дете на Shadow of the Colossus и Zelda!

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на Shadow of the Colossus и The Legend of Zelda: Breath of the Wild
  •  Триесетчасовна кампања со харизматичи ликови
  •  Впечатлив борбен систем, особено при соочување со босовите

Eternal Strands e игра која е направена со многу љубов и знаење. Инди студиото, Yellow Brick Games се имаат потрудено да понудат впечатлива акциона-авантура која се одликува со интригантна приказна, каризматични ликови, прекрасен свет полн со предизвикувачки непријатели и босови, арсенал од невообичаени моќи, како и невообичаени механики за креативни пресметки.

Вечни залагања

Eternal Strands ја следи приказната на Брин – млада волшебничка која од петни сили се труди да овозможи подобри услови за нејзината татковина. Приказната во кампањата има позитивен, посветол тон кој се фокусира на меѓусебна соработка и охрабрувачко напредување.

Уште на самиот почеток се забележува одредена Bioware наративна жичка. Ликовите се детално разработени, а нивните разговори – внимателно осмислени, пружајќи органски можности за зближување со ликовите. Meѓусеквенците се одлично осмислени и се со солидна продукциска вредност.

Меѓутоа, голем дел од стандардните разговори се прикажани преку статично скокање од една кон друга слика, алудирајќи дека одредени кратенки биле неопходни, дали од временски или финансиски причини.

И покрај ова, квалитетот на приказната не страда премногу. Благодарение на талентираната глума и одредени трикови со камерата, сѐ е осмислено на начин кој е примамлив за играчот. Дополнително, помеѓу меѓусеквенците (изработени во самиот енџин) и статичните дијалози, ќе наидете и на бројни цртани инсерти, прикажувајќи ги настаните како дел од анимиран цртан филм.

Девојката спремно скока и се качува по различни вертикални површини, потсетувајќи не на добро-познатата механика од Zelda, односно Shadow of the Colossus.

Магија и челик

По една минутна прошетка во близината на превезот, ќе дознаете дека сте и мајстор за телекинеза – кревање и фрлање најразлични предмети и животни. Се што треба да направите е да се фокусирате на одреден предмет и да го повлечете со умот. Изведбата е пропратена со квалитетни визуелни и аудио ефекти, оставајќи впечаток како навистина да влечете исконски сили од магичен извор. Сите понатамошни моќи оставаат уникатен впечаток, охрабрувајќи не да ги користиме што е можно повеќе. Втората моќ, на пример, е создавање ледени мостови од влажноста во воздухот (изгледа многу покул отколку што звучи). Како и моќта за телепатија, така и овие ледени зидини може да се искористат за заробување на непријателите, или за одење низ запалени места.

Покрај сечило и штит, девојката може да користи и лак и стрела. Независно од избраното оружје, потребно е да внимавате на вашата кондиција.

Во моментот кога ќе навлезете во битките, ќе можете да започнете со лесни и тешки напади, да избегнувате ударци, како и да ја користите телекинезата за да повлечете и фрлите предмет во противникот (како и да го зграпчите самиот противник и да го фрлите во некоја препрека). Подразбирливо, нема да можете сите противници да ги фрлате, туку само полесните (нешто што подоцна во играта може да биде надградено).

Босовите се приказна само по себе, принудувајќи ве да користите најразлични тактики за да се искачите на нив или пак да ги спречите во одредени намери, како замрзнување на крилјата на змејскиот противник за да не може да лета, или полесно уништување на дел од оклопот на некој друг бос. Бројката на ваквите комбинации знае да биде импресивна и често пати да ве изненади кога нешто ќе откриете сосема случајно.

Секој бос е како еден вид мини загатка, барајќи од вас да експериментирате, да ги барате слабите точки и целосно да ги експлоатирате за максимална штета.

Кога сте во вашата база на операции ќе можете да разговарате со останатите ликови, како и да правите нови оружја и опрема. Секој дизајн користи комбинација од неколку материјали. Овие материјали, пак, влијаат на тежината, издржливоста и бојата, отворајќи можности за различни експериментирања. Сепак, не ни се допадна ограничувачкиот простор на материјалите кои ги собираме и честата потреба да се навраќаме во базата за да можеме да се растеретиме.

На почетокот посакувавме малку повпечатлива наративна презентација, но при крајот на играта сосема бевме во ред со статичните прикази. Во поглед на дизајнот на музиката и аудио ефектите немавме апсолутно никакви забелешки, давајќи се целосно во релаксирачките мелодии кои одлично го надополнуваат фантазискиот свет. Сите забелешки во поглед на гејмплејот се толку мали да е криминално да се споменуваат. Сигурни сме дека во моментот кога го читате овој текст, студиото веќе ги има исправено поголемиот дел од нив.

Eternal Strands можеби е прва игра на оваа ново инди студио, но студиото е составено од клучни двелопери кои доаѓаат од редови како Bioware и Ubisoft. Од таа причина, воопшто не сме изненадени што играта е толку добра. Низ релативно долгата кампања од триесетина часа ќе имате бројни прилики за истражување на преубавиот свет, дружење и создавање длабоки врски со останатите членови, решавање загатки и борење со џиновски противници на исклучително креативни начини.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Yellow Brick Games
  • ИздаваYellow Brick Games
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на:  28 јануари 2025

Оценка

  • Вкупна оценка: 8.5
  • Приказна: 8
  • Гејмплеј: 8
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 9

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments