Видеото не е достапно во вашата земја: Европа сака да ги промени лиценците

во ИТ.ЕУ

Европската комисија сака да го промени начинот на како се лиценцира музиката. Ова ќе значи дека европјаните ќе имаат пристап до музика, наместо да наидуваат на видеа или песни „кои не се достапни во вашата земја“ поради немање лиценци.

Музичкот сервис Spotify е добар пример за како функционира сегашниов систем. Иако е ја спречува пиратеријата и им носи пари на музичката индустрија, сепак лиценците и начинот како се исплаќа надоместокот го ограничуваат популарниот сервис да биде достапен само во неколку европски земји и САД. Ништо чудно што се поголемата публика бара алтернативен начин како да стигне до музиката.

Таквите ограничувања не треба да има во унија каде владее еден пазар, а не 27 различни, вели Европската комисија.

„Новите дигитални технологии отвараат големи можности за креаторите, конзумерите и бизнисите. Зголемената побарувачка за онлајн пристап до културна содржина не препознава граници или национални рестрикции. Ниту онлајн сервисите кои ја дистрибуираат.“, вели Комисијата. „Но, некои агенции се мачат да се прилагодадат на барањата за менаџирање на правата за онлајн користењето на музичките дела, посебно во меѓу-граничен контекст.“

Комисијата предлага лиценците да бидат европски стандард, а 250-те агенции во Европа кои ги собираат надоместоците за артистите ќе треба да бидат потранспарентни и поотворени за соработка со авторите. Наместо да им исплаќаат наплати на секои три години како што го прават тоа сега, предлогот е да ги исплаќаат по секоја година.

„Агенциите треба да ги модернизираат нивните операции за да одговорат на предизвиците на дигиталната економија која се побрзо се развива.“

Предлогот на Комисијата ќе биде објавен наскоро, а се oчекува во него да биде наведено како авторите да имаат подиректен пристап до менаџментот на својата содржина, да бидат исплатени побрзо, ќе бидат променети начинот на како работат агенции и ќе биде побарано од земјите да воведат соодветен механизам за брзо решавање на спорови, и ќе бидат предложени мулти-територијални лиценци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments