0 коментари 2 мин. читање 11 јули, 2012

Microsoft со File History ќе ги штити фајловите на Windows 8

Microsoft на својот Building Windows 8 блог ја претстави опцијата File History со која ќе може да се зачуваат сите претходни верзии и фајлови со цел да се има бекап и да се заштити системот од несакани грешки. Ова подоборена опција за зачувување на системот ќе биде налик на Time Machine на Apple, и ќе се активира самостојно, односно автоматски ќе ги копира сите библитеки и фајлови при нивна промена. Фајловите ќе бидат ископирани на локација одредена од корисникот, а тоа вклучува и надворешни дискови.

Опција ќе има вградено функција да ја следи батеријата на лаптопите за да ја паузира и зачува доколку е потребно. Според Microsoft, само 5 отсто од корисниците користат Windows Backup, па и ако се земат во предвид тие што користат трети апликации, пак повеќе од половината од корисничките компјутер немаат резервна копија на фајловите. Таа статистика треба да се промени со File History.

[youtube]hcobsI1VGzM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top