Facebook претстави календар, ги редизајнира Events

1 коментар 1 мин. читање

Facebook гo претстави Events Callendar преку кој ќе ги потсетува корисниците за сите настани на кои се повикани. Покрај календарот сега во листата на настани ќе бидат додадени и родендените на пријателите.

Редизајнот е стартува на Hackathon уште пред една година, пишува Facebook, и сега, откако е готов, ќе биде достапен за сите корисници во наредниве неколку часа.

Во календарот ќе ги најдете сите родендени и настани, а со поминува со глувчето преку линковите ќе имате опција од тука да одберете дали ќе присуствувате на настанот или не. Поканите кои ви се пратени се излистани најгоре и се најистакнати бидејќи Facebook претспоставува дека тие ви се најважни.

Постои и опција да се експортира календарот во Apple iCal, Microsoft Outlook или Google Calendar.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед