{mosimage}Пиратската верзија на третото продолжување на The Sims ги руши рекордите за најбрзото симнување до сега – 180.000 копии од Sims 3 се преземени за само 3 дена иако долго очекуваната The Sims 3 ќе биде официјално претставена на 2 Јуни. „Ова се импресивни бројки“ вели Џо Флесчер од BigChampagne, компанија која врши мониторинг на споделувањето на интернет.
„Ако луѓето ја сакаат содржината и тие можат да ја симнат од интернет, тие тоа ќе го направат“ вели г-дин. Флесчер.
Можеби звучи дека пиратеријата расте, дека компаниите прават загуби, но денес меѓу вестите се најде и годишниот извештај на PC Gaming Alliance дека продажбата на PC игри во 2008 достигнала 12.7 милијарди долари. Дури 20% повисоко од претходната година. Ова покажува дека и покрај економската криза, гејминг индустријата е важна за корисниците. Да не заборавиме дека во извештајот на PC Gaming Allience се изоставени конзолите како Play Station, Nintendo, xBox… извештајот е само за PC игрите, каква што е и Sims 3.
Electronic Arts, креаторите на the Sims 3, изјави дека пиратската верзија на играта не е комплетна.
„Пиратската верзија е со багови, незавршена верзија, не е целосна. Половина свет – цел грaд – недостасува во пиратската верзија“ вели EA.
Ако пиратската и незавршената верзија руши рекорди, тогаш што да очекуваме од оригиналната Sims 3?
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}






