{mosimage}По долга расправа, администраторите на онлајн енциклопедијата Wikipeda одлучиja да ги блокираат ИП адресите поврзани со Скиентолошката црква за да спречат пропаганда. „Сите ИП адреси поврзани со Скиентолошката црква ќе бидат блокирани. Индивидуалните уредници можат да побараат нивната ИП адреса да биде изоставена од листата на банирани“ се вели во соопштението на бордот на Wikipedia.
На Wikipedia не е ништо чудно одредени текстови да се променуваат или пак да се заменат со пропаганден материјал бидејќи секој има пристап до неа. Но во овој случај, кој траел до декември 2008. биле забележани обиди и борби меѓу скиентолозите и нивните критичарите за уредување на околу 400 текста поврзани со скиентологијата. За да ја постигнат целта, членовите на скиентолошката црква користеле повеќе кориснички имиња кои постоеле „само за едитирање на тие текстови“.
{mosimage}
Скиентолошката црква веќе подолго време води жестоки онлајн расправи за валидноста на оваа црква. Меѓу најгласните критичари на скиентологијата е групата Anonymous кои постојано објавуваат видеа на YouTube, ги хакнуваа сајтовите на црквата и организираа протести.
Од црквата сеуште нема коментар за одлуката на Wikipeda кои пак изјавија дека е забрането „уредување текстови за да се промовираат свои лични интереси“ и додадоа дека тие се гледаат себеси како „енциклопедија, со неутрален поглед кон светот“.
Покрај овој групен бан, прв во историјата на Wikipedia, онлајн енциклопедијата издаде и индивидуални банови со кои им се забранува на корисниците да уредуваат текстови поврзани со скиентологијата во наредните 6 месеци.
Скиентолошката црква е основана во 1953 од писателот на научна фантастика Л. Рон Хубард и учи дека луѓето се реинкарнирани од други кои живееле на друга планета. Меѓу нејзини најпознати членови се актерите Том Круз и Џон Траволта.






