Vice Media доаѓа во Србија од крајот на септември

во Свет

Vice, популарниот и наградуван магазин за култура и вести од најразновидни теми, наскоро ќе оперира и од Србија. SEEBiz.eu известува дека Vice Media, кој се вреднува на 2,5 милијарди долари, доби нови 250 милиони евра инвестиција со која треба да се прошири на други пазари.

Vice започна како студентски магазин во Монтреал во 1994-та година, и веднаш успеа да привлече публика со својот уникатен начин на покривање на вестите. Во последните години Vice се прослави со документарци од ширум светот – дел од нив објавени и како серијал на HBO – кои опфаќаат најразлични теми од социјални теми, до насилство и војни. Крвавиот Балкан сигурно ќе биде интересен за Vice кои веќе објавуваа содржини и документарци од регионот, вклучувајќи и теми од Македонија.

Парите Vice ќе ги искористи за „развој на дигитален производ и капацитет на дистрибуцијата, за да им се пружи на јавноста нов начин за конзумирање на содржината на Vice преку сите уреди, екрани, друштвени мрежи и дигиталните платформи“. Во моментот Vice работи во 36 земји и има публика од 150 милиони корисници, вклучувајќи ги тие од YouTube каналот. Инвестицијата од 250 милиони долари доаѓа од A&E Networks кои добија 10 отсто од компанијата, откако претходно Time Warner и 21 Century Fox на могулот Руперт Мурдок откупија по 5 отсто од Vice.

Српската верзија ќе стартува од крајот на септември, откако беа стартувани австиската, шведската, данската, холандската и грчката верзија.

[youtube]Gy5hX267fi0[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments