Конечно! Google Street View и за македонските улици

во ИТ.МК, Мора да прочиташ

Mакедонските улици ќе го добијат Street View третманот. Наскоро, од 29-ти септември, ќе го забележите специјализираниот автомобил на Google кој ќе вози низ Македонија и ќе ги фотографира улиците за панорамски фотографии од 360 степени. Првите улиците кои ќе бидат фотографирани ќе бидат од Скопје и Битола, потоа Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид и останатите градови и села.

„Планираме да започнеме со возење во Скопје и наскоро ќе го прошириме и низ другите градови и села, започнувајќи со најголемите градови и најинтересните места во Македонија. Вкупно планираме да покриеме колку што е можно повеќе од патната мрежа во текот на наредните неколку месеци“, вели Google.

Иако го очекувавме Street View, бидејќи пред некое време започна да се фотографираат и српските улици, сепак веста е одлично изненадување! Street View е дел од Google Maps кој дозволува да се симнете доле на улиците и да видите како изгледаат oдблиску. Придобивката од овој сервис кој е достапен во уште 59 земји е што ќе може полесно да се направат апликации за turn-by-turn навигација, но и да се претстават градовите одблиску, што е придобивка и за туризмот.

Првите Street View фотографии ќе бидат видливи по некој месец, откако ќе бидат „испозалепени“, но од Google велат дека ќе се обидат да ги ажурираат редовно. Google соработува со Дирекцијата за заштита на лични податоци за да се осигура дека приватноста на граѓаните ќе биде испочитувана, и личните и осетливи информации да не бидат прикажани на фотографиите, кои ќе бидат достапни на целиот свет. Лицата на граѓаните и регистарските таблички ќе бидат замаглени на сите слики, и ќе има опција да се пријави за дополнително замаглување.

Тоа што ќе недостасува за комплетна Google Maps слика на Македонија ќе биде Google Business View – фотографии од внатре во бизнисите. За жал, Google не размислува за таков сервис во Македонија во брзо време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk