Apple излезе со со уверување до сите свои корисници дека приватноста им е од најголемо значење. Пораката доаѓа директно од директорот на компанијата, Тим Кук, и без сомневање е предизвикана од неодамнешното објавување на разголени фотографии на музички и филмски ѕвезди кога сите прсти беа вперени кон iCloud, но и да ги убедат дека новите сервиси како Apple Pay се безбедни.
„Безбедноста и приватноста е од клучно значење за секој хардвер, софтвер или услуга која ја дизјанираме, вклучувајќи ги iCloud и Apple Pay. Продолжуваме да правиме надградби. Двојна верификација, за која ги советуваме сите корисници да ја користат, како дополнување на Apple ID со него сега може да ги заштитите и податоците на iCloud… За разлика од конкурентите Apple не може да ја заобиколи заштитата и затоа не може да стигне до чувствителните податоци“.
Тим Кук потсетува дека Apple не ги користи дури ниту анонимизираните податоци на корисниците за профит, компанијата не ја прегледува поштата и пораките за подобро рекламирање. Дел од услугите како iTunes Radio и соработниците на Apple зависат од iAd, но мрежата реклами е со исти правила за сите. Податоците од HomeKit, Maps, Siri, iMessage, Health не пристигаат до iAd. Компанијата никогаш не соработувала и нема да соработува со владини агенции на кој би им оставиле пристап до своите сервиси или сервери.
„Нашата посветеност за заштитата на личните податоци и проватноста доаѓа од огромната почит кон нашите корисници. Знаеме дека довербата не се дава лесно. Зато секогаш ќе работиме да ја задржиме“, вели Тим Кук.
Сепак и покрај убедувањата на Тим Кук до корисниците, безбедносниот експерт Џонатан Здиарски за Wired предупредува дека полицијата сеуште може да стигне до чувствителните податоци на корисниците и без дозвола од Apple, дури и од новиот оперативен систем iOS 8.
„Се што е потребно е телефонот да биде вклучен и пристап до компјутер кој сте го користеле за префрлање на податоци… Импресиониран сум господине Кук за ова беше потребна храброст. Но ова не значи дека вашите податоци се надвор од дофат на полицијата“, вели г.Здизиарски.