Убедени сте дека парите и документите се безбедни во сеф? Се лажете. Безбедносните ескперти од Мелбурн, Лук Јанке и Џеј Дејвис, успеаја да направат уред кој ќе ги отклучи повеќето сефови. Тоа што е интересно, е што уредот за обивање, кој на сила ги отвара сефовите, чини само 150 долари, јавува Register.
Уредот е составен од Arduino, мало моторче, и се чини дека во последно време ниеден уред не може да помине без 3Д-отпечатени елементи. Вака креирниот „разбивач“ на сефови се прикачува за бравата на сефот и за околината. Сепак, ќе ве утеши фактот дека за отворање на сефот и проверка на сите комбинации му се потребни четири дена. Сепак ова е огромен напредок во споредба со првичните уреди на кои им требаше две недели. Дополнително, доколку корисниците на ја променат оригиналната лозинка, на уредот кој е опремен со SD картичка му се потребни само неколку минути. Причина за ова е што најголем дел од сефовите доаѓаат со 10 комбинации кои не се менуваат, па доколку се читаат од картичката сефовите супер брзо се отвораат. Видео од како работи уредот ќе најдете на Register. ” target=”_blank”>Register.







