Технологијата се повеќе и поедноставно одзема дел од работните места кои досега беа работени од луѓето. До сега наједноставни за замена беа работните места за кои не се потребни квалификации, но во последно време технологијата, пред се Интернет, ги загрозува и работните места за кој е потребно образование, па дури и универзитетски дипломи. Сметководители, адвокати, учители, па дури и лекари ќе бидат на „удар“ на технологијата во следните неколку години.
Како ова започна? Најверојатно уште од самите почетоци кога наместо 4-5 работници со лостови и макари се намалил бројот на потребни луѓе за кревање на товар, вели Guardian. Сепак, најизразено е со креирањето на парната машина и сега кога автоматизацијата и алгоритмите можат да заменат добар дел од погоните во фабриките, алгоритми пишуваат одлични статии, па дури и тргуваат на берза. А без сомневање наскоро на удар ќе бидат и возачите кои со автономните возила речиси сигурно одат во „пензија“. Можностите кои ги дава Интернет нема да ги искоренат професиите како сметководители, учители или лекари, но значително ќе ја намалат цената на овие услуги. Сервиси како Crunch и FreeAgent овозможуваат префрлање на сметководителската работа на интернет, истото го прави legalzoom и Rocket Lawyer за адвокатите. И доколку правниот систем е различен во различни држави лекарите насекаде го имаат истиот модел, а бројот на сервиси кои нудат совети од лекари во пораст.
Се чини дека единствени сигурни работни места се во истражување и развој, а се разбира нема да може да бидат заменети ниту програмерите. Сите останати ќе треба да се обидат да изнајдат начин да се издвојат од купот на фриленсери кои ќе го бараат своето место на Интернет.
[youtube]9ctDMfhyFGA[/youtube]







