Весник или интернет?

во ИТ.МК

{mosimage}Иднината на весниците е основната тема на текстот на Утрински Весник, кој денес слави 10 години откако прв пат беше испринтан. „Кога се појави радиото, се прогнозираше дека таквиот брз начин на информирање ќе ги згасне весниците. Кога потоа се појави и телевизијата, тогаш се прогнозираше дека овој медиум со слика и тон ќе ги затвори и радиото и весниците. Но, досега не се случи тоа. Со новата форма на комуникација и информирање – Интернетот, повторно се поставува истото прашање…“ пишува Светлана Унковска.

Што ќе прелистуваме – весник или Интернет?“ е одличен и интересен текст кој се осврнува на иднината на весниците преку примерите од светот каде што се затвoраат весници, делумно поради влијанието на интеренетот, но и поради глобалната економска криза.

Авторката го споменува и моделот на плаќање онлајн претплата кој се разгледува од медиумските куќи како ефикасно средство за профитирање.

„…Истовремено преку своите печатени изданија на читателите да им се пласираат аналитички и истражувачки содржини, како и коментари кои, исто така, можат да бидат ставени на Интернет, но пристап до нив да има само преку регистрација.

Напредок во оваа смисла има во телевизијата А1, која на својата страна има целодневни ажурирани вести кои постојано се достапни, додека за поексклузивните видеа, интервјуа, па и емисии е потребна регистрација, што значи и финансиски профит во бизнисот со информации.“ пишува г-ѓа. Унковска.

{mosimage}

А1 е телевизија и нуди видео материјал, многу повеќе од само дневни вести и колумни. Нивниот модел може да функционира на интернет. Но ќе можат ли македонските весници да опстанат на овој начин?

„Во светски рамки, според одредени истражувања, се покажува дека бројот на читателите на весници и на оние што слушаат информации на радио опаѓа за сметка на сé побројните посетители на Интернет, како и на публиката на кабелската и сателитската програма. Во Македонија нема податоци од вакво истражување, најверојатно, и поради тоа што Интернет-изданијата на весниците се пресликана копија на печатеното издание.“ пишува г-ѓа. Унковска.

Интернетот нуди многу повеќе од 20 страни дневен весник. Половина содржина од весниците – спорт, свет, мода, култура, време, мислења, кратки вести… сето тоа е претворено во разни портали, пристап до странски медиуми, блогови, друштвени мрежи и сервиси за микро-блогирање…

Тогаш што останува да понудат македонските весници на новата млада интернет публика, која има лесен пристап до секоја информација на глобалната мрежа?



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments