{mosimage}И покрај критиките за прекршување на човековите права и слободата на говор, Кина не се откажува од филтрирење на содржината на интернет. Секој кинески граѓанин ќе биде задолжен да го има инсталирано Green Dam, софтверот кој е изработен од Jinhui, компанија кој работи за кинеската војска. Од 1 Јули секој продаден компјутер ќе го има вградено софтверот, кој наводно е слободен софтвер кој го изработила американската софтверска компанија Solid Oak.
Од компанијата велат дека кодот за софтверот е украден и дека кодот на Green Dam користи DLL фајлови со име на нивната CyberSitter апликација, и кои испраќаат пораки до серверите на Solid Oak.
CyberSitter, првичниот софтверот е направен за филтрирање на порнографијата и експлицитната содржина со цел да се заштитат децата. Токму поради порнографијата и Google беше приморан од кинеската влада да имплементира филтри во пребарувачот и да ги тргне линковите до вулгарна содржина на интернетот.
Но, според анализата на експерти од Универзитетот на Мичиген
кинеската компанија Jinhui го модифицирала програмот да филтрира многу повеќе од порнографија.
{mosimage}
„Откривме многу слабости кај Green Dam. Секој веб сајт може да преземе контрола на компјутерот на посетителот доколку тој ги има инсталирано Green Dam. Овој софтвер прави мониторинг на посетените веб страни и други активности на компјутерот и блокира порнографска содржина како и политички материјал“ пишува во извештајот.
Green Dam софтверот е достапен за симнување тука.






