2 коментари 1 мин. читање

Роботот SAM ќе им помага на градежните работници

Работата на градежните работници не е едноставна. Во голем дел е поврзана и со физичка работа, кревање и поместување на цигли, цемент и слични градежни матeријали.

3Д принтерите веќе на големо тестираат цемент како материјал за принтање, а компанијата од Њујорк, Construction Robotics, има поинакво решение. SAM (Semi-Automated Mason)е робот кој може самиот да ги подигне циглите, да ги намачка со цемент и да ги постави на ѕидот. Роботот не е сосем автономен. Работниците се потребни да се постават циглите на подвижната лента и да го отстранат вишокот малтер по поставувањето на циглите.

SAM е дури 5 пати поефикасен од луѓето. Не само што е побрз, туку е и поевтин кога поставуањето на цигли е во прашање. Сепак, роботот не треба да ги замени ѕидарите, туку да им ја олесни работата. Со помош на SAM и постарите ѕидари ќе може да работат, а и градењето ќе биде побрзо.

За разлика од 3Д-принтерите кои како материјал користат бетон, SAM гради со цигли, па технологијата само се надополнува.

Без сомневање, напредокот во роботиката и автоматизацијата ќе придонесат за прераспределба на дел од работниците. Дали прераспределбата ќе се случи доволно брзо или работниците само ќе бидат заменети, е можеби најважното прашање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top