Nyran Survivors нуди уште едно roguelite патување со бројни класи и способности

Од релативно новото развојно студио, Diminished Studios изникна уште еден продукт кој од петни жили се труди да зграпчи дел од колачот на poncle – тимот кој е главниот виновник за Vampire Survivors и за легијата игри кои произлегоа како директен резултат. Nuran Survivors е повеќе од истата препознатлива забава.

Дежа ву патување

Nyran Survivors не е лоша игра, навистина. Но, по ништо не се истакнува од морето други слични игри кои ги покривавме во последните неколку месеци.

Избирате една од 10 класи и започнувате едно и единствено roguelite патување. Притоа, неуморно се соочувате со орди од стандардни непријатели и предизвикувачки босови. На малите мапи се движите во сите можни правици, избегнувате напади и собирате искуство додека ликот автоматски ги напаѓа непријателите.

Динамиката на оваа статична формула се разбива со случајно откривање на осумдесетина работи кои, обично, статистички ги зголемуваат вашите офанзивни и дефанзивни способности.

Паралелно со ова, можете да користите над стотици магии за поефикасно справување со огромните бранови од непријатели, нешто што е особено корисно кога и босот ќе стапи на сцена.

Подразбирливо, секој ран ви дозволува да собирате и генерични валути со кои трајно надградувате одредена опрема или пасивни способности.

На овој начин, грајндот не зазема целосна монотона форма и, со малку среќа, секој ран ќе ве однесе малку подалеку, за да може да си го најдете вашето име на листата со најуспешни играчи (leaderboards).

Доколку станавте опседнати со формулата која беше воспоставена со Vampire Survivors и барате повеќе од истото, но, во малку поразлична визуелна околина, тогаш Nuran Survivors е уште една игра која би можеле да ја проверите!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Diminished Studios
  • Издава: Diminished Studios
  • Жанр: roguelite, акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 12 јануари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments