Секоја надела е добра недела за гејминг! Во чест на ова, копавме широко и длабоко за да ви препорачаме дали да се посветите на одредена игра или пак целосна да ја заобиколите.
Len’s Island e солидна survival игра во која ќе истражувате, преживувате, градите и борите.
Сместена во огромен отворен и шаренолик свет, Len’s Island ќе ви дозволи да навлезете во забавни битки засновани на акционен RPG систем, како и на комплексно процесирање ресурси, создавање моќни предмети и градење импресивни структури.
Во отворениот свет ќе можете да истражувате најразлични биоми, а низ островите пратувате со бродот кој вие лично ќе го направите. Вишок ресурсите ќе можете да ги продавате низ најразличните градови кои се осмислени според уникатни параметри благодарение на кои секој град изгледа поразлично од претходниот.
Во моментот кога ќе ви здосади собирање плен низ roguelite осмислени зандани, ќе можете да се опуштите така што ќе работите на изградбата на вашиот дом. Но, не се опуштајте премногу затоа што ќе треба и домот да го штитите така што ќе градите соодветни одбрамбени механизми, кули, ѕидини и замки.
Како игра која е уште во ран пристап, развојното студио планира дополнително да ги проширува содржините. Тука спаѓаат напредни можности за создавање свет преку параметри за рандомно генерирање. Паралелно со ова, ќе се работи на вметнување повеќе непријатели и босови во занданите, како и подобрување на системот за борење. Кога играта ќе излезе од раниот пристап, се очекуваат побогати и поразновидни острови, како и поддршка за ко-оп.
Len’s Island се наоѓа во целосно игрива состојба и доколку барате забавна survival игра со акциони и roguelite елементи, даваме топла препорака за насловот!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Flow Studio
- Издава: Flow Studio
- Жанр: Акција, survival, roguelite
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 26 ноември 2024
Lesson Learned e игра која го исполни она што беше ветено со Lesson Learned: Cult of the Elizabeth
Неодамна можевме да ја провериме бесплатната верзија или богато демо за Lesson Learned. Cult of the Elizabeth се покажа како одлична отскочна штица, замислена да ве воведе во еден бизарен свет каде, сами, или со пријател, собирате ресурси и градите кули. Потоа, со заеднички сили се соочувате со бранови и бранови од непријатели и ги ослободувате вашите сооделенци.
Lesson Learned е природно продолжување на почетокот кој го искусивме со CofE. Нема што нема во играва: од откачен хумор, преку интересна графика, па се до напредни TD можности полни со стратешки потенцијал.
Доколку сакате забавни, хумористични и релаксирачки игри, Lesson Learned ќе ви дозволи да собирате ресурси, привлекувате сојузници, градите кули и ставате крај на предизикувачки бранови од непријатели низ шест различни историски периоди. Споменатите ресурси ви дозволуваат да градите и надградувате кули, како и да користите одредени оружја за лична пресметка.
Иако Lesson Learned може да се игра соло, ние топло препорачуваме да ја проверите со пријател. Значително позававно во ко-оп пресметки.
Повеќе детали за играта
- Произведува: MadGamesmith
- Издава: Gaming Factory
- Жанр: tower defense
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 29 мај 2024
Anime vs Evil: Apocalypse e игра во која убави, провокативни девојки се спротиставуваат на бројни пеколно-злобни сили. Но, зошто?
Чедото на Axyos Games излезе на сите можни платформи. И на конзоли и за PC и, иронично или не, собра релативно позитивни рецензии. Но, при нашата проверка на играта, едноставно не можевме да разбереме зошто играта има толку позитивни рецензии. Приказната едвај да ја има, а она што го има како да е напишано од 12-годишно дете.
Системот со оружјата е функционален, но дизајнот на световите, непријателите и квестовите остава многу работи да се посакуваат. Се е некако нафрлано без смисла, а интелигенцијата на непријателите се сведува на директно приближување и напаѓање. Може да убиете непријател, да се завртите и за дел од секунда да ви се појават три дополнителни непријатели зад грбот.
Нема никаква логика и се се сведува на агресивно и нелогично фрлање непријатели. Тежините не делуваат добро избалансирани и на нормална тежина, многу е претешко, а на лесна тежина немате доволно непријатели за да ги решите временско-чуствителните квестови каде е потребно за одредено време да убиете одредена бројка непријатели.
PC верзијата на Steam се одликува со Hentai DLC кое дозволува облеката да биде уништена од непријателите, со што, (полу) голи трчате низ празните мапи и се соочувате со непријателите. Додатокот отклучува и одредени дополнителни работи за кои никако не би сакале да ги дискутираме тука, но претпоставуваме дека таквото нешто ќе знае да најде одредена публика. Потребно е да се спомене дека таквиот додаток не е дел од PS5 верзијата на играта, туку само за PC.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Axyos Games
- Издава: Axyos Games
- Жанр: акциja
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 15 февруари 2024