Развојното студио Caracal Games конечно ја ифрли супериорната верзија Downward: Enhanced Edition и на Nintendo Switch, PS5 и Xbox. Позајмувајќи трик-два од Mirror’s Edge, овој паркор наслов во прво лице е сместен во пост-апокалиптичен свет кој вдомува средновековни рушевини, мистериозна приказна и предизвикувачки загатки.
Разрушена од низа постапокалиптични настани, планетата Земја станува еден вид предизвикувачка игралиште низ кое може да поминуваат само најиздржливите и најспособните луѓе. Со користење паркор тактики и мала помош од мистериозните аномалии, ќе успеете да поминувате најразлични разрушени области кои сведочат за свирепо уништување на цивилизациите.
Слично на Mirror’s Edge, ќе ви се пружат бројни шанси за трчање, скокање, лизгање и провлекување низ тесни простори. Неслично на Mirrror’s Edge, ќе собирате искуство за да отклучувате и надградувате бројни способности и моќи. Претходно споменатите аномалии можат да ви помогнат за поефикасно остварување на бројни паркор движења, како и правилно соочување со агресивните древни чувари.
Downward: Enhanced Edition исправа бројни багови, но и воведува дополнителни балансирања како би се понудила помодерна и поприфатлива верзија. Покрај значително надополнување на текстурите, исправка на моделите, и редизајнирање на одредени области, самите непријатели изгледаат поразлично, а воведени се и нови босови, како и значајни промени со дрвото со вештини.
Доколку никогаш не сте ја играле основната верзија, дури и да сте ја играле, Downward: Enhanced Edition содржи значителни промени поради кои топло препорачуваме одново да се навратите во уникатниот пост-апокалиптичниот свет кој е со средновековни примеси. Кога ќе се земе во предвид дека играта е направена од тим од само три луѓе, она што ќе го најдете во играта станува двојно поимпресивно.
Имајте во предвид, меѓутоа, дека иако светот е одлично осмислен, приказната се чини како да е фрлена во втор план и нема да можете да ја извлечете истата сатисфакција во наративниот дел. Дополнително, иако ни се допаѓаат секвенците со древните чувари, нечесто сакавме битките целосно да беа исфрлени и фокусот да беше на релаксирачко истражување. Downward вистински сјае кога целосно го реализирате чувството на брзината, скокате од една до друга страна, се лизгате, провлекувате или станувате едно со ветрот.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Caracal Games
- Издава: Plug In Digital
- Жанр: паркор авантура
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 04 јуни 2024