Вештачка интелигенција официјално пристига на Bing и Edge

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Се чини дека оваа недела ќе биде целосно во фокусот на вештачката интелигенција. Започна со најавите на Google за Bard, продолжи со најавата за ChatGPT во Bing. Вестите ќе продолжат и денес со презентациите на Google за можностите на Bard.

Новата верзија на Bing е веќе функционална. Сепак за пристап до неа има листа на чекање. Ако сте заинтересирани ќе треба да се приклучите на листата.

Она што е најинтересно во моментов, и за што имаме официјални податоци е претставувањето, или барем најавата, на Bing со интегриран GPT-4 модел. Заедно со оваа најава, излезе и најава за нова верзија на Edge со вештачка интелигенција.

Bing сo вештачка интелигенција функционира слично како и ChatGPT. Корисникот поставува прашање и добива одговор кој наликува како да е од човек. Најголема разлика во вештачката интелигенција која се користи на пребарувачот е датата на која е трениран моделот. За разлика од ChatGPT кој „оперира“ со податоци до 2021, Bing има актуелни податоци. Слично нешто веќе најави и Google со „Bard“.

Во пребарувањето на Bing ќе може да видиме и од каде се изворите од кои се црпат информациите. Заедно со оваа информација ќе бидат достапни и линкови на кој корисникот ќе може да прочита повеќе. Ако некој не е задоволен од одговорите ќе може да остави и коментари. Во зависност од темата некои од одговорите, вклучувајќи ги тука прашањата за купување, одговорот може да биде придружен со реклами.

За промените во Edge досега не добивме одговори, но во еден од примерите е споделена функционалност која ќе биде корисна за девелоперите. Во едно од демоата на настанот вештачката интелигенција се користи за пронаоѓање решение за парсирање на JSON. Корисникот го добива одговорот, но во овој случај програмскиот јазик е Python, а потребно е решение во Rust. Со помош на вештачката интелигенција успешно се преведува кодот од еден во друг јазик.

Вештачката интелигенција во Bing ќе може да се користи и за генерирање на објави на друштвените мрежи. Во овој случај се внесуваат неколку клучни зборови, но и тонот на текстот, форматот и должината, пишува TechCrunch.

Покрај овие функционалност вештачката интелигенција ќе може да се користи и за сумирање на содржина на текст, споредување, или за креирање на содржина врз база на текстот.

Интересно е што употребата на вештачка интелигенција во пребарувањето веќе е прогласена како пораз за Google. Иако Google може да остане убедливо на првото место на листата, користењето на вештачка интелигенција за добивање на резултати е значително поскапо од она што Google го користи во моментов. Со оглед на тоа дека најголем дел од заработката на Google доаѓа од прикажувањето на реклами во резултатите од пребарување, ова може значително да влијае на заработката на компанијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk