Рецензија: Од скромна населба до технолошки напредна цивилизација со Havendock

Има нешто особено интересно во управување со ресурси, градење најразлични објекти сред океан и грижење за вашите несреќни бродоломци. Havendock го знае ова и од петни жили се труди да понуди целосно уникатна и непредвидлива симулација со колонии.

Havendock e како ниедна симулација која до сега сме играле. Почнувате на само една мала дрвена платформа, сред океан. Потребно е вашиот лик да собира дрво кое плови на водата за да може да направи дополнителни платформи. Потоа, може да си ја дозволите изградбата на пумпа и прочистувач за свежа вода, како и работилница за истражување технологии.

Со секоја истражена технологија ви се отклучуваат нови структури за градење, но мора да ја пофалиме инвентивноста која се крие зад секоја структура. Имено, за влечење вода потребно е рачно управување од едно лице. Потоа извлечената нечиста вода се префрлува во прочистувач за се добие пивка вода. Одредени технологии и структури подоцна бараа неколку различни ресурси за да можат да работат и да произведуваат работи.

Првата технологија отклучува градење фарми, куќи за птици и замки, но за да ја истражите технологијата потребна ви е доволна количина вода. Потоа, фармите бараат семе, кое го добивате од куќите за птиците, но за побрзо извлекување семе, потребно е ги раните птиците со риби. Погодете кој ги фаќа рибите? :)

Апсолутно секоја работа е врзана со неколку други работи на инвентивни начини, но Havendock во ниеден момент не станува премногу комплицирано или фрустрирачко искуство. Напротив, со кликнување на секоја структура точно знаете што се бара и како да го добиете. Но, работите знаат да заземат сложена форма откако ќе го распостелате ќилимчето за добредојде и ќе почнат да доаѓаат вашите први бродоломци.

За да има ефикасна експанзија и трансформирање од скромна населба во технолошки-напредно општество потребни ви се луѓе. Со првите неколку луѓе и понатаму имате контрола над работите, но како се зголемува нивниот број така се зголемуваат и нивните потреби. Во море од бројни структури кои се тесно врзани една со друга лесно би можеле да почувствувате дека губите контрола над работите, но играта никогаш не ве премногу остро пенализира. Па така, бродоломците нема да умрат за леб, но ќе се движат споро, а работните обрски ќе ги извршуваат со успорен интензитет.

По можеби неколку хаотични пресврти, ќе дојде моментот кога ќе увидите дека не е се толку црно и секој ваш нареден потег ќе биде полесен од претходниот. Како и други игри од овој калибар, така и Havendock е игра која бара одредено време за навикнување. Единствена забелешка што ја имаме се однесува на музичката подлога. За жал, пропратната музика, иако е симпатична на почетокот, нејзиното постојано еднолично форсирање на принуди да ја замениме со нашата Spotify плејлиста.

Верувале или не, Havendock е соло проект и зад целиот концепт стои само едно лице. Јео Јинг Жи работи долго време на играта и планира да работи на неа уште добра година. За време на нашето тестирање не искусивме проблеми и целото искуство беше одлично оптимизирано и флуидно дури и откако значително ја проширивме нашата населба, изградивме стотици структури и вдомивме триесетина бродоломци. Во случај да сте фанови на вакви игри, ви препорачуваме дефинитивно да ја проверите Havendock во моментот кога ќе излезе во продажба. Во меѓувреме, демото можете да го проверите преку официјалната Steam страна!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments