Вештачка интелигенција ги освојува аудио книгите

Вештачката интелигенција која се користи за генерирање на аудио содржини е се попопуларна. Платформите како Audible или Amazon имаат десетици илјади аудио книги кои се изработени со помош на вештачка интелигенција.

Amazon во ноември 2023 објави дека наскоро ќе претстави алатка која ќе им овозможи на авторите да ги издадат своите книги во аудио формат. Алатката е во бета и засега е достапна исклучиво на американскиот пазар. Дел од функционалностите кои се достапни се избор на глас, преглед и прилагодување на книгите. Потоа ќе постават цена за книгите. За само 72 часа од започнување на процесот, книгите се достапни во продавниците. Алатката e бесплатнa и ќе им заштеди пари на авторите, кои од продажбата на аудио книгите ќе добиваат 40% авторски надомест.

Благодарение на различни алатки над 40 000 аудио книги се веќе достапни на Audible. Авторите на книгите се задоволни, бидејќи вештачката интелигенција им овозможува на сите да креираат книги без да трошат илјадници долари, пренесе Bloomberg. Дел од авторите кои ја користеле вештачката интелигенција велат дека целиот процес на претворање на книга во аудио книга трае помалку од еден час. Истовремено, причина за радост имаат и слушателите, кои наеднаш имаат куп книги за слушање, но ова не е без ризик. Ако досега аудио книги имаше за попопуларни наслови, сега наеднаш има куп аудио книги, без некаква проверка на квалитетот на содржината.

Сепак, слушателите не се премногу среќни со поголемиот избор. Просечната оценка на книгите преведени од вештачка интелигенција е 4+, што е некаде на средината. Веројатно поголем пораз е барањето да се додаде филтер кој ќе овозможи да се отстранат аудио книгите кои користат вештачка интелигенција за генерирање на гласот.

„Претходно, ме чинеше околу 500 до 750 долари да најдам некој да раскажува и да создаде аудио книга од една од моите кратки книги. За ова се потребни и околу 2 часа подготовки и 3 до 4 недели за завршување на проектот  – од почетокот, до објавата на книгата на Amazon.

Со Virtual Voice (нарација генерирана од компјутер), немав никакви трошоци, а беа потребни 52 минути од почетокот до нејзиното (мисли на книгата) појавување на пазарот.“, вели Хасан Осман, на својот блог.

Photo by Aaron Burden on Unsplash

Гласовните артисти против вештачката интелигенција

Слично како и во останатите сектори и во овој случај артистите кои досега ги позајмуваа своите гласови се спротивставени на технологијата. Ова веројатно ќе биде и полошо во иднина, со новите можности. На пример за аудио книгата издадена по повод десетгодишнината на American Gods од Нил Гејман соработуваа над 20 гласовни артисти. За креирање на истата книга со помош на Voice Engine од OpenAI ќе биде потребно единствено кратка гласовна секвенца со траење од петнаесет секунди од актерите. По ова, вештачката интелигенција ќе може да ја генерира аудио книгата.

Генерирањето на содржина со Voice Engine не е бесплатно, но е супер евтино. На пример за 18 часа аудио содржина цената е 15 долари. Ова соодветствува на печатена содржина од околу 350 страници. Во примерите кои ги сподели  OpenAI немаше некој за аудио книги, но секако не е премногу тешко да го замислиме ова.

Ако ви се допаѓаат аудио книги, прочитајте го и овој текст за пет сајтови за бесплатно слушање аудио книги.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments