5 сајтови за бесплатно слушање аудио книги

За сите заинтересирани за бесплатно слушање аудио книги, подготвивме пет исклучително корисни сајтови.

Audible – Стотици наслови станаа целосно бесплатни на еден од најпознатите сајтови за слушање аудио книги. Сите наслови се уредно подредени во соодветни категории. Со преслушувањето започнувате инстантно, преку кој било прелистувач и без логирања или оставање кредитни картички. Промоцијата трае се додека владее коронавирусот и децата не се најдат зад училишните клупи.

Lit2Go – Сајт кој нуди аудио книги, но и драми, кратки приказни, и песни кои се особено корисни за образовни цели. Со секоја бесплатна аудио книга добивате и податоци за времетраењe и број на зборови. За некои книги, пак, добивате и дополнителен прирачник кој ќе ви помогне за подобро толкување на книгата (како Хамлет, на Шекспир).

Mind Webs – Како дел од Интернет Архивата, Mind Webs ги обогатува посетителите со над 150 радио драматизации на класични научно фантастични приказни. На располагање имате интересни дела од познатата Урсула Ле Гвин, како и генијалците Артур Си Кларк и Ејџ Џи Велс.

Storynory – Веб сајт кои крие аудио книги специјално одбрани за помладите умови. Дозволете им на вашите деца да се забават со класични приказни, бајки или оригинални авантури од калибарот на Браќата Грим, или, пак од 1001 ноќ.

Project Gutenberg – Веќе некое време како PG има малку поразличен сајт кој е во бета фаза на тестирањето. Љубителите на аудио книгите, меѓутоа, би ги упатиле на стариот сајт и би ги насочиле интимно да се запознаат со две категории: aудио книги кои се прочитани од луѓе и аудио книги кои се „прочитани“ од компјутер. Дефинитивно ја препорачуваме првата категорија.

Што ќе слушате? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи! Дефинитивно известете нè и доколку сакате уште вакви листи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Ако ви се допаѓаат аудио книги, прочитајте го и овој текст за пет сајтови за бесплатно слушање аудио книги. […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

Gamblify

Game Artist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix Global

Fullstack Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk