Kaspersky доби бесплатна верзија, дали ќе го користите?

Еден од најверојатно најпознатите антивируси, рускиот Kaspersky, доби бесплатна верзија. Со оглед на тоа дека веќе постои бесплатна верзија за руско говорно подрачјe (Русија, Украина, Белорусија) ова не е изненадување. Претходно бесплатната верзија беше издадена и во Данска, Норвешка, Шведска и Финска.

Очекувано, како што е тоа случај и со останатите бесплатни антивируси, Kaspersky Free доаѓа со неколку ограничувања. Антивирусот доаѓа со бесплатна заштита за фајлови, електронска пошта и веб. Како што кажуваат од Kaspersky, она што го нуди бесплатната верзија е најосновната заштита која треба да ја имаат сите.

Верзијата која се плаќа останува со куп дополнителни функционалности. Дел од дополнителните функционалности се: заклучување на несоодветна содржина, заштита на онлајн плаќање и безбедна VPN врска.

Нема специјална верзија за Македонија, па македонските корисници ќе можат да ја користат меѓународната, глобална верзија на антивирусот.

Поголемиот број на корисници ќе му помогне на Kaspersky во развојот на вештачката интелигенција. Поголем број на податоци секогаш е потребен за развој на вештачка интелигенција.

Пред да почнете со прослава, Kaspersky кон средината на јули можеби неосновано е „обвинет“ за соработка со руските разузнувачки служби. Овие прашања без никаква основа и доказ започнаа од републиканскиот сенатор Марко Рубио. Bloomberg тврди дека поседува интерна комуникација која покажува дека Kaspersky Lab има блиска соработка со руската агенција ФСБ.

Експерти од Kaspersky ги придружуваат официерите на ФСБ кога ловот на сајбер криминалци е во прашање, тврди изворот на Bloomberg.

Kaspersky ги отфрли овие обвинувања, додавајќи дека се извадени надвор од контекст.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk