The Vale: Shadow of the Crown: игра или аудио книга?

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на експериментални игри кои комбинираат и аудио книги
  •  Одлична атмосфера, богат свет и комплексни ликови и покрај тоа што не можете да видите ништо
  • Револуционерен продукт на интерактивна забава

Не е никаква тајна дека сме огромни фанови на најразлични игри. Надвор од игрите, посебно задоволство наоѓаме и во аудио книги. Добра аудио книга знае посебно да не мотивира за извршување бројни секојдневни активности. Иако немаме ништо против аудио книги кои се читаат од едно лице, особена љубов имаме кон оние аудио книги кои се направени од бројни актери. GraphicAudio се мајстори за правење аудио книги кои се како филм во вашиот ум. Во таквите аудио книги, на секој лик се позајмува глас од различен актер, а сите сцени се пропратени со автентични звучни ефекти и соодветна музичка подлога. Зошто го пишуваме сево ова? The Vale: Shadow of the Crown е интерактивно остварување кое мајсторски го комбинира најдоброто од овие два света – видео игри и аудио книги. Резултатот е едно од најубавите и највпечатливите искуства што сме ги имале во нашиот живот.

Аудио книга во игра

Во The Vale: Shadow of the Crown играте со слепа девојка. Девојката не може да гледа, па не можете ни вие, покажувајќи ви црн екран прошаран со разнобојни точки за време на целата авантура. Она што се остава на вас е да се ориентирате според звуците кои ги слушате. Девојката можеби е слепа, но ниту е глува ниту беспомошна. Низ приказната, „гејмплејот“, ако можеме да го кажеме така, се сведува или на пасивно слушање на разговорите со останатите ликови, или на слепо движење низ светот, па и борење.

Иако девојката не може да гледа, во светот се ориентира со помош на нејзиниот слух. Од оваа причина, од особена важност е да имате квалитетни слушалки за да можете правилно да детектирате од каде доаѓаат звуците. Играта често бара да сте во движење. Во една ситуација, ќе биде потребно да ја пронајдете воденицата, во друга – река, а во треба ќе биде потребно да избегнувате војници или напади.

Звуците кои ги слушате го диктираат правецот на вашето движење. Сево ова е мајсторски пренесено во играта, дозволувајќи ви точно да знаете накај што да се движите или оддалечувате. Во ситуации на битки, потребно е правилно да се ориентирате според звуците кои ги прави противникот, како одење или напаѓање. Најчест начин на одбрана е вие да нападнете први, со што го зашеметувсте непријателот и му земате дел од здравјето. Звучи како да напаѓате “на среќа”, но верујате дека не е така. Со внимателно слушање, точно можете да одредите во кој правец да напаѓате.

Подоцна ќе можете да користите и штит, со што се пружаат подлабоки можности за одбрана и напад. Благодарение на истрајното вежбање со вујкото, девојката е се само не беспомошна.

Низ вашата авантура, наидувате на оружја и штитови од различен квалитет. Девојката, меѓутоа, не е премногу силна и нема да може константно да удира, со што сте принудени внимателно да ги темпирате вашите напади. Ова се основните механики во играта, но прекрасно се осмислени, до таа точка да апсолутно бевме вовлечени во приказната. Не беше тешко да се засака девојката, да се сочувствува со нејзината немила ситуација. Во многу моменти и самите ги затворавме очите, надевајќи се дека со отфрлање на вистинскиот свет ќе можеме подобро да се фокусираме и да ѝ помогнеме.

Играње видео игра која е исто така и аудио книга е забавен и интересен начин да се искуси впечатлива приказна. Комбинацијата на овие две форми на дигитална забава создава импресивно, привлечно и, пред се, крајно уникатно искуство. The Vale: Shadow of the Crown целосно не заинтригира, не дозволувајќи ни да играме ништо друго освен неа. Искуството останува и понатаму, принудувајќи не да посакуваме да има повеќе вакви експерименти.

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments