Зошто да ја играте?
- Фанови сте на акциони RPG игри во вселена
- Квалитетни и невообичаени механики кои воведуваат нова свежина во преирувањата
- Впечатлива музичка подлога и забавен дизајн на мапите

Reality Break е неодамна излезена акциона RPG игра сместена во вселената. Играта ви дозволува да управувате со најразлични бродови, да собирате плен и да ја менувате реалноста на впечатливи начини, погрижувајќи се да имате нешто поразлично за играње со roguelite механиките. Но, дали е тоа доволно за долготрајна забава?
Како се игра Reality Break?
Во Reality Break посетувате најразлични локации со вселенско возило, соочувајќи се со најразлични противници. Вашето летало може да врши основни и второстепени напади, да избегнува проектили, да активира детонации во непосредба близина или да се регенерира. Обично, имате за задача да убиете одредена бројка непријатели за да го намамите главниот брод (бос). Противниците кои ги уништувате ве наградуваат со вредни материјали или делови за вашиот брод, дозволувајќи ви, доколку сакате, на лице место да вршите одредени промени или надградби.
Мапите не се премногу големи, но пружаат доволен простор за маневрација, истражување и откривање корисни ресурси и алатки
Reality Break не е вашата стандардна акциона игра, туку се одликува со неколку интересни механики. Една таква механика е поврзана со менување на својствата на бројните работи што ги собирате. Од надградба на опрема, преку отклучување митски способности, па се до менување на идните исходи. Можете да ја прилагодите играта според вашиот стил на играње, на пример, да го продолжите времето на мисија, да ја зголемите реткоста на предметите или да ја промените тежината на мисиите. Иако оваа експериментирање е забавно, бидете спремни на проблематична непредвидливост каде константно ќе се проверува дали успешно ќе ги балансирате моменталните потреби со идните придобивки.

Втората интересна работа е таканареченото ресетирањето на временската рамка. Секој пат кога ќе направите ресетирање, добивате поени кои подоцна може да се искористат за отклучување и надградување таленти, значително менувајќи ја идната реалност. Овие таленти, применети преку мета-систем, можат да влијаат на сегашните и идните пилоти. Отклучувањето на талентите носи големи промени во играта, како што се експертски предизвици, активирање на ултра-моќни способности, зачувување на омилен предмет и слично. Со секоја нова временска рамка, ќе откривате нови елементи и карактеристики кои ќе го променат вашето искуство во Reality Break.

Целата поената е да експериментирате со ресетирањето, само за да видите до кој степен е поразлично искуството низ различните временски рамки. Притоа, ќе работите на надградбата на вашиот вселенски брот и отривање нови моќи за вашиот пилот. Тука некаде, ќе наидете и на систем за анализа. Овој систем во реално време отклучува нови откритија за вашите предмети, така да секој нов ден кога ја вклучувате играта, ќе наидувате на интересни изненадувања.
Reality Break дефинитивно бара одредено време за да се совладаат сите нејзини системи, но факт е дека оваа амбициозна игра има потенцијал за креативно прилагодување и експериментирање
На прв поглед, Reality Break се чини како само едноставен шутер, но тоа не би можело да е подалеку од вистината. Доколку сакате комплексни акциони лутер шутер со вселенски бродови и комплексни надградби, ова е игра што би можела особено да ви се допадне. Проблемот е во тоа што играта не нуди долготрајно искуство и по шест-часовно експлозивна акција, ќе се најдете во ситуација да не знаете што да правите понатаму. И покрај ова, со својата механика на менување работи, Reality Break нуди свеж и интересен пристап кон жанрот.




Повеќе детали за играта
- Произведува: Element Games, LLC
- Издава: Element Games, LLC
- Жанр: RPG акција
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 10 февруари 2025