0 коментари 2 мин. читање 19 јуни, 2015

Веб продавницата MarketKonekt воведе онлајн нарачки и испорака до врата

Онлајн продавница да има онлајн купување не е ништо ново, но интересно е што на MarketKonekt му требаa три години за да воведе ваква услуга. RЗ Infomedia во 2012-та година го стартуваш MarketKonket првин како директориум на производи од илјадници бизниси во неколку балкански земји, преку кој можеа да се разгледуваат производи и да се стапи во контакт со производителите. Сега воведуваат онлајн нарачки и испорака до врата во обид да капитализираат од 50.000 производи кои се излистани на сајтот.

Платформата за онлајн трговија е отворена за секоја компанија во Македонија, што според директорот на R3 Infomedia, би требало да ги мотивира македонските компании да продаваат повеќе онлајн.

„Нашите трговци ретко ја користат интернет трговијата, но таа е мошне значајна за компаниите насекаде низ светот, и е во постојан пораст. И домашните компании ќе треба да се приклучат кон овој современ начин на продажба за да ги унапредуваат своите бизниси”.

MarketKonekt ќе овозможи неколку вид плаќање преку својата нова онлајн платформа, вклучувајќи и плаќање со картички што ќе биде воведено наскоро.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top