ИТ настан: Наскоро започнува македонска лига во DotA 2

во ИТ.МК

Македонските фанови на DotА 2 имаат причина за возбуда бидејќи наскоро започнува македонската лига, а регистрирањето и официјално е започнато. Според информациите на страната на лигата, за првата сезона на натпревари ќе се одиграат и квалификациим кои понатаму нема да продолжат, освен во случаи кога ќе се менува форматот на лигата. Квалификациите ќе важат за сите, ќе се играат во 2 групи секој против секој, подобар од едн меч. По квалификациите се креираат две лиги Macedonian Pro League и Macedonian Semi-Pro League.

Во Pro лигата ќе има 10-12 тима кој ќе се натпреваруваат лигашки, односно подобар од два натпревари. Бодувањето е 2 поена за 2 победи, 1 поен за нерешени и без поени доколку бидат загубени двата меча. Најдобрите четири тима учествуваат во финалето каде ќе се игра LAN и ќе се натпреваруваат за титулата „Шампион на Македонија“.

Слично како и во фудбалот, најслабите два тима испаѓаат од Pro лигата, а
најдобрите два тима од Semi-Pro лигата ќе напредуваат во погорната лига. Третиот тим од Semi-Pro и последниот тим кој не испаѓа автоматски ќе играат бараж за влез/опстанување во Pro лигата. Регистрацијата трае до 5 јули, па доколку сметате дека сте доволно добри, приклучете се!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk