Веб игралиштето на Зе Франк

0 коментари 1 мин. читање

Во неговиот TED говор „Веб игралиштето на Зе Франк“ г. Франк објаснува како со интернетот многу лесно може да се искомуницира со индивидуалци и да се споделат искуства кои понатаму можат да се претворат во игра во која ќе се вклучи целата онлајн заедница.

Конкретно во неговите последни веб игри тој ги повикува корисниците да споделат емоции, болка, радости, страв, носталгија… Пример, на почетокот на говорот прикажува копии од слики за споредба, во една корисниците се деца, во друга тие се во реално време.

Сите овие експерименти, иако комични сепак ги претставуваат конекциите меѓу луѓето и можноста да се креираат разни веб феномени од разни луѓе кои следат една идеја.

(фотографијата е на Џејмс Данкан Дејвидсон, јули 2010, Охфорд)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top