На office.live.com документите може да ги закачувате од вашиот компјутер на сервисот едноставно со повлечи-и-спушти (drag and drop). А има и можност повеќе луѓе да го едитираат документот во реално време, при тоа зачувувајќи ги претходните верзии од фајлот, што е супер можност за соработка.
Секој креиран документ може да биде зачуван на вашиот профил, во рамки на дозволените 25GB бесплатен простор. Документите се достапна од било каде со било кој мобилен уред со интернет конекција.
Веб алатки освен во новата верзија на Hotmail ќе бидат достапни и на новокреираниот сервис на Microsoft, Docs.com, преку кој ќе може да се разменува Office документи и на Facebook.








Споро, многу споро се извршува, Google Docs е повеќекратно побрз.
Плус, како да го отпечатам документот, не гледам дека има таква опција ?
kaj mene bas fino si raboti, neznam zasto ti e tolku sporo
View > Reading View после од File менито избери Print за принтење
Ова е изнуден потег, кој Мајкрософт мораше да го игра. Интересно е да се види дали и колку оваа верзија ќе ѝ наштети на „млечната крава“ на Мајкрософт — десктоп изданието на Офис.
Како додатна тривиа, пакетот е комплетно напишан во JavaScript — со еден удар ставајќи ги настрана Силверлајт и самиот Интернет Експлорер, поради неговата спорост, овој Office Live пакет подобро работи на Хром и Фајерфокс.
А, се надевам дека Гугл ќе добие додатна клоца во задникот за да го забрза додавањето на неопходните нови функционалности во своите Apps.
Наџиџано ептен, по практичност и функционалност далекooо од google docs