Е-владеење и демократија

во Статии

{mosimage}Претседателе Обама дали легализацијата на марихуаната ќе ја подобри економијата? Вакво прашање тешко дека ќе биде одговорено во Источното крило на Белата Куќа, каде се избира кои новинари ќе присуствуваат на прес-конференциите. Тешко и дека претседателот на САД ќе одговори на ова прашање. Но…

„Не, не верувам дека легализацијата на марихуаната ќе ја подобри економијата“ одговори кратко г-динот. Обама.

Не се работеше за луд хипи новинар, туку тоа прашање беше од експерименталниот онлајн Open for Question проект на администрацијата на Барак Обама. На Open for Question сесијата која можеше да се гледа онлајн во живо на WhiteHouse.gov, претседателот на САД одговараше на најпопуларните, со најмногу гласови прашања поставени онлајн од граѓаните.

„Еден приоритет како претседател ми е да ја отворам Белата Куќа на луѓето за да можат да разберат што планираме и работиме и да добијат шанса да учествуваат во тоа“ вели претседателот Обама зборувајќи за експерименталниот Open for Questions проект, со што повторно потсети на поставените принципи за користење на интернетот.

Но зошто Барак Обама го одговори прашањето за легализација на марихуаната кое лесно можеше да биде изоставено? Никој од луѓето кои присуствуваа не го праша тоа, неговата администрација лесно можеше да го игнорира прашањето. Одговорот го кажа и тој самиот – затоа што тоа прашање е најпопуларното онлајн прашање, со најмногу гласови од граѓаните.

Од сликата можете да видите дека на Open for Questions има преку 100 илјади прашања со околу 3.6 милиони гласа, што значи дека голем број од тие гласови биле за тоа прашање. А Барак Обама знае што значат тие бројки и гласачи па дури и ако се зад компјутерот. Така стигна до победата за време на изборите и така ќе ја добие поdдршката за неговиот план од трилион долари за да ја спаси економијата.

{mosimage}

Идеално и според Wikipedia, демократија е форма на владеење во која моќта е директно или индиректно во рацете на граѓаните под слободен систем на гласање. Убаво звучи, но во реалноста граѓаните имаат малку моќ или пристап до владите кои тие си ги избрале. Без да набројувам примери и да објаснувам зошто е тоа така, замислите си едно прашање или тема кое сакате властите да ви го одговорат. Што се треба да направите да стигнете до тој одговор? Единствените кои досега го одржуваа каналот за комуникацијата меѓу граѓаните и власта беа медиумите. Дали преку анкета или лични приказни многу прашања се одговараат, своеволно или под притисок од јавноста т.е медиумите.

За среќа живееме во 2.0 време, чудно и револуционерно време во кое технологијата овозможи отворена комуникација, односно помалку канали преку кои треба да се пројде за да се отвори комуникација меѓу граѓанин и градоначалник, сенатор, парламентарец па дури и претседател на најмоќната држава во светот.

Подолу ќе најдете други примери на е-владеење, примери кои не ја одсликуваат идеалната демократија во која граѓанинот кој го дал својот глас ќе има пристап до транспарентна влада, туку само почетните чекори до тој идеал.

Како се снаоѓа Европската Унија со новиот начин на комуникација?
Europа.eu, официјалниот сајт на Европската Унија е комплетно отворен за јавноста, на него можете да најдете се што ве интересира за ЕУ, од видеа на седници до документи и телефонски броеви на секој значаен функционер во ЕУ и нивните портпароли.

Преку Europa.eu дојдов до интересен документ кој е предложен на Европската комисија, а опфаќа дел од i2010 планот на ЕУ за развој на ИКТ. Во овој план се разгледуваат начини како да се вклучат граѓаните во отворено е-владеење до 2020.

„Владите во Европа мора да работат заедно да креираат нова околина [за вклучување на јавноста во градењето на општеството] што ќе биде карактеризирана со:

  • поврзани владини администрации и структури
  • способност да се одговори на потребите и желбите на граѓаните
  • поотворени, интерактивни и демократски влади
  • нови форми на оценување и подобрување на работата на владите

Следењето на овие цели ќе помогне да се трансформираат владините системи да се прилагодат на предизвиците на 21 век. Користењето на ИКТ ќе ја има централната улога во ова“ пишува во извештајот.

Покрај други проекти за ИТ, за да го поттикнат развојот на ИКТ и е-владеењето, Eвропската Комисија ги наградува најинтересните проекти на European eGovernment Awards кои се одржуваат секои две години, а во ноември оваа година ќе се одржат по петти пат. Овие награди се доделуваат за „доброто користење на ИКТ во јавните сервиси и ја истакнуваат корисноста на ИКТ, вклучувајќи: поквалитетен животен стил на граѓаните, поголема јавна доверба во владите и поголема конкурентност на европските компании.“

А што се случува во Македонија?
Иако анализата на Метаморфозис за користење на интернетот за изборите и промоцијата покажува дека ИТ и политиката се уште не се запознале, во Македонија има неколку позитивни примери кои иаку се далеку од корисна алатка за отворена комуникација сепак се напредок.

Постои Sobranie.mk, новиот сајт на Собранието на РМ кој има опција ‘прашај го пратеникот’ и уште неколку слични што ги вклучуваат граѓаните односно им овозможуваат да искоментираат и предложат теми. Сајтот е релативно нов,
пишувавме за ова претходно и интересно е да видиме како ќе се развива овој сервис.

Втор позитивен пример е сајтот на општина Аеродром, Скопје кој си има свој онлајн граѓански инфо центар кој служи „за решавање на вашите проблеми сега е доволен еден единствен телефонски повик, СМС порака или пристап до овој портал на интернет. Целиот систем е осмислен за да Ви биде на услуга и како таков да ви стои на располагање 24 часа дневно.“

Не живеам во таа општина така да не знам колку функционира овој сервис, доколку некој знае пишете ни во коментарите, но во секој случај ваквите сервиси се добредојдени.

Други примери за е-владеење
Има еден пример од Австралија, кој можеби е најконкретен пример кога се работи за одреден граѓански проблем. RoadTube.com.au е сајт на кој австралиските возачи можат да испратат видео коментирајќи ги патиштата и проблеми поврзани со нив. Најинтересно за овој сервис е опцијата ‘Find a booth’ што значи дека три подвижни кабини со вградени веб камери ќе патуваат низ Австралија и тие што немаат камера дома или компјутер ќе имаат шанса да искоментираат за патиштата. Овој проект не е владин, туку на NRMA, австралиската асоцијација на возачи кои ќе комуницираат со владата и опозицијата.

Слични вакви проекти, каде други организации а не влади, ги вклучуваат и мотивираат граѓаните да се изјаснат за одредени прашања преку сервиси се американските 10questions и Ask the President.

10questions e сајт кој беше активен за време на претседателските избори каде граѓаните на САД можат да постираат видео со прашање и да гласаат за прашањата кои подоцна ќе бидат одговорени од кандидатите. 10question беше проект за време на изборите, додека Ask the President e проект на ист принцип, каде граѓаните праќаат прашања, видео или текстуални. Меѓутоа бидејќи овој проект е креиран од три американски медиуми и затоа постираните прашања со најголеми гласови ќе им бидат дадени на новинарите кои доколку се најдат на прес-конференција на претседателот на САД, Обама, новинарот ќе го постави прашањето постaвено и избрано од граѓаните на Ask the President.

Повеќе за тоа можете да прочитате во наш претходен текст, во кој пишував и за планот на рускиот премиер Владимир Путин за спас на економијата, план кој беше објавен онлајн и за кој се побара јавно мислење, а г-динот Путин побара од своите административци посебно да внимаваат на прашањата и реакцијата на јавноста кои ќе бидат постирани онлајн.

Има уште примери за е-владеење кои можат да се наведат, како на пример,
блоговите на британското министерство за надворешни работи, односно блоговите на британските амбасадори.

Како што споменав се уште сме далекy од идеално отворено е-владеење, и има уште многу работа, извештајот на ЕУ ги зацртува работите кои треба да бидат готови во 2020, но сепак ова се првите чекори на едно ново владеење и поотворена комуникација меѓу граѓаните и тие што самите ги избралe да ја имаат моќта.

*Aко знаете за уште вакви сервиси и сајтови за е-владеење слободно вклучете ги во коментарите подолу.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments