Lenovo го претстави ThinkPad X1 Carbon, „најтенкиот 14-инчен лаптоп во светот“

Lenovo ја претстави новата линија на ThinkPad лаптопи, или „ултрабукови“, кои работат на новата, 3-та генерација на Intel-овиIvy Bridge процесори, имаат USB 3.0 и нова Lenovo ThinkPad Precision тастатури.

Од новата линија на лаптопи, можеби најинтересен е Lenovo ThinkPad X1 Carbon, 14-инчен лаптоп од карбонфајбер кој тежи само 1,36 килограми и е тенок само 18 милиметри. Според кинеската компанија, X1 Carbon е „најтенкиот 14-инчен лаптоп во светот“.

Но, дали може тенок и лесен лаптоп да биде доволно моќен? Одговорот е во новите Ivy Bridge процесори на Intel. X1 Carbon ќе работи на овој нов процесор, ќе поддржува 1600 x 900 резолуција, што е поголема од претходниот X1, од, најверојатно, интегрирана графичка картичка и ќе има USB 3.0 портови, порт за слушалки и SD картичка, со поддршка за 3G мрежа.

Дополнително, Lenovo претстави и Rapid Charge технологија за која вели дека ќе полни до 80 отсто од батеријата за само 30 минути! Звучи неверојатно, но ова би требало да ги смири критичарите на претходниот X1 чија батерија траеше само 2 часа.

Lenovo ThinkPad X1 Carbon ќе се појави летово, но сè уште не му се знае цената.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Bojan
Bojan
9 years ago

Goleminata na ekranot e 13.3'' a ne 14''.

ит кариера

EVER NEAR DOO Skopje

Software Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Backend Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk