Минатата недела претставивме две игри кои се можни кандитати за игра на годината. Оваа недела излегуваат уште две нови игри кои се кандидати за оваа титула. Првата е третото продолжение на серијалот Modern Warfare, а втората игра е петтото продолжение на серијалот Elder Scrolls.
Call of Duty: Modern Warfare 3 уште во предпродажбата ги надмина своите конкуренти за најпродаван шутер годинава Battlefield 3 и Rage со продадени 9 милиони копии. И покрај тоа што оваа бројка изнесува 70 oтсто од претпродажбата на претходникот Modern Warfare 2 аналитичарите предвидуваат дека играта ќе достигне до бројка од 20 милиони продадени примероци до крајот на годинава. Податоците од Activision пак прикажуваат дека Black Ops и Modern Warfare 2 се продадени во 22 односно 25 милиони копии до сега. Играта излезе на 8 ноември за сите платформи (PC, Xbox Wii и PS 3), а достапни се неколку опции за купување. Премиум опцијата за 50 долари ќе ви овозможи годишен пристап на серверите, а елитната премиум копија за 100 долари бесплатно ќе ви ги додаде и сите дополнителни содржини кои ќе бидат објавени за играта.
Со оглед на тоа дека претпродажбата од 9 милиони копии ги надмина петте милиони од првата недела и трите од претпродажбата на Battlefield очигледно е дека резултатот во борбата за најпродаван шутер годинава е 1:0 за Activision. За сепак славјето да не биде целосно се погрижија двајца маскирани французи кои заедно со роба вредна 400,000 евра, украле и 6,000 копии на играта од камион. Овие копии на играта се појавија во продажба два дена порано на онлајн аукции, од Infinity Ward објавија дека нема да ги казнат корисниците на сите легални копии на играта.
Од останатите вести неделава инди хитот Minecraft официјално го доби својот својот четири милионитиот премиум корисник. И покрај тоа што играта сè уште е во бета фаза веќе се регистрирани 16 милиони профили. Оваа игра е достапна и бесплатно, а на играчите кои се решиле да ја купат играт им се достапни повеќе модови на играње. Следната недела од 18 до 19 ноември ќе се одржи и првиот Minecraft конгрес кој најверојатно ќе биде најголемиот организиран од независен производител на видео игри.
Според веста која ја пренесува Reuters ратинг агенцијата Standard & Poor најави дека е можно да го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Sony од “А-“. Намалувањето главно се должи на загубите на гигантот од 2009 година. Намалената продажба на Sony производите се должи на високата вредност на јапонскиот Јен во однос на другите валути, намалувањето на продажбата на електрични уреди и земјотресот кој ја погоди Јапонија годинава. Standard & Poor изразија и загриженост поради откупувањето на Ericsson, објаснувајќи дека овој потег најверојатно ќе го зголеми финансискиот товар кој го има компанијава.
Оваа вест ја остави во сенка неверојатната бројка на нови играчи кои се приклучија на DC Universe Online по менување на моделот за плаќање. Бројката на новите играчи е толку голема што е загрозена стабилноста на серверити на кои се игра играта. Ова се разбира е разбирливо со оглед на тоа дека бројот на играчи во последнава нецела недела е зголемен за десет пати.
DC Universe Online е вистинска игра за фановите на стрипови кои ги издава DC Comics, a играчите можат да одберат дали ќе играат со херој или злосторник. Покрај ова во играта се појавуваат сите карактери од стриповите помеѓу кои Batman, Joker, Superman, Green Lantern, Flash и останатите. За нашите кориснице можеби ќе биде проблематично што за да ја играат играта треба да го симнат клиентот кој е 14 GB и најновата закрпа од 6 GB.
Момак, објасни ми ги разликите помеѓу MW3 и COD4? после COD4 сите верзии на COD/MW се едно исто, со миминални измени, ако тоа неможеш да го забележиш незнам што да ти кажам, и да мојот пост не е нарведа за играчите на COD, него за производителите на серијалот т.е. на COD4 aka MW2/MW3 итн.
БТЊ singleplayer-от на COD4 е одличен, и е подобар од оној на BF серијалите, тоа го признавам а за мулти-плеерот немам што да коментирам, веќе кажаvв дека е едно исто во последните 5 години од 2007 кога беше исфрлена верзијата COD4.
Епа "младичу" вака…
За да направиш разлика помеѓу 2 игри треба прво да ги играш. Тврдам дека јас имам многу повеќе часови поминато на COD од тебе. Штом ти се исти значи не си ги играл. A тогаш еве јас да ти кажам дека во MW2 и MW3 има измена и нема класични сервери.
Можеш и да побараш на нет да видиш дека engine-от не е истиот.
Прочитај си го повторно првиот пост и увиди си ја грешката.
Срамота….што све прават продажбите на конзоли (кои ја прават продажбата толку голема) и 12 годишните деца кои купуваат една иста игра уште од COD4, ист ејнџин ослабени сервери а сепак наплаќаат 50 долари, хахахах talking about brainless fans.
Дали си купил и играл multiplayer на некоја од COD? Јас на пример ги имам 2 и 6 а сега ќе ја купам 8. COD6 a.k.a MW2 нема класични сервери и, според мене, тој начин е многу подобар. По муабетов се гледа дека си фан на Battlefield а и дека без валидни аргументи ги навредуваш фановите на COD. Срамота е што постојат такви како тебе
"Премиум опцијата за 50 долари ќе ви овозможи годишен пристап на серверите" ај образложение на ова и од каде ви се информацииве?
In the lead up to its launch, Activision has set live its new social platform, Call of Duty: Elite. The service has both a free and a paid component, with premium subscriptions running $50 for a year's worth of access. A premium Elite membership is included with the $100 Hardened edition of Modern Warfare 3.
Се извинувам ако не е доволно јасно дека станува збор за дополнителни 50$.
Поздрав Дејан