Компанијата за мобилна безбедност, Lookout, направи инфорграфик кој има за цел да прикаже дека и iPhone корисниците се плашат за безбедноста на својот паметен телефон исто како и Android корисниците, со таа разлика што првите прават многу малку за да ги заштитат.
Според истражувањето на Lookout, 93 отсто од iPhone корисниците се загрижени за безбедноста на податоците кои можат да се најдат на нивните паметни телефони, но сепак поголемиот дел од нив не користат лозинка, не прават бекап на податоците, ниту пак веднаш го надополнуваат оперативниот систем со најновата верзија. Интересно е тоа што дури еден од шест корисници успеваат да го изгубат својот iPhone.
Исто така, голем дел од iPhone корисници користат јавнo Wi-Fi, како и мобилни банкарски трансакции, без претходно да ги дознаат ризиците ниту пак како правилно да ги заштитат нивните паметни телефони. Погледнете го инфографикот за дополнителни информации поврзани со корисниците и безбедноста на нивните iPhone и Android паметни телефони.








