Со цел да ги оправда и искористи новата инвестиција од 250 милиони долари, по што Dropbox со своите 45 милиони корисници сега вреди 4 милијарди долари, компанијата сега се подготвува да го освои Вебот.
Следејќи го примерот на друштвените мрежи, Dropbox ќе стартува копчиња на сите сајтови. Идејата зад копчињата не е да се користат за споделување на друштвените мрежи, туку за складирање на податоците на разни уреди и пристап до тие податоците од било каде.
„За мене предизвикот е дали вие сте спремни за видот на складирање во иднината, така? Иднината на каде ми се чуваат сите податоци.“, прашува основачот на Dropbox, Дру Хоустон во интервју за TechCrunch.
Идејата зад Dropbox копчињата е дека тие ќе помагаат да ги преземат и складираат разните податоци кои ги закачувате на разните сервиси. Пример ако сликате со Instagram и ги закачувате фотографиите на Facebook, тогаш Dropbox ќе може да ги земе фотографиите кои до тој момент се расфрлани на мрежата, можеби и на друг сервис, и да ги складира во вашиот Dropbox облак за да може да им пристапите од било каде и да ги споделите од било кој уред.