Уред кој претвора мисли во твитови!?

во Хардвер

{mosimage}Адам Вилсон, студент на постдипломски студии на универзитетот во Винсконсин, работејќи на проект од областа на био-медицински инжинеринг успеал да создаде уред преку кој може да се постира на сервисот за микро-блогирање Twitter користејќи го само мозокот, т.е. преку следењето на мозочните бранови!

"Испратено од BCI2000" е првиот твит
(пост на Twitter) кој беше објавен на профилот @uwbci.

{mosimage}

Уредот на Вилсон – кој е надоградба на машината BCI2000 која преведува мисли во текст на компјутерски екран и се користи во повеќе од 100 лаборатории низ светот – ги следи мозочните бранови и активности и комбиниран со монитор на кој може да се одберат букви, овозможува да ги претворите своите мисли во твит.

Планот на универзитетот позади овој проект е да пронајде начин како оваа технологија може да биде корисна за луѓето со хендикеп. Следниот
чекор е да го тестираат уредот во домовите на 10 луѓе кои се пријавиле за ова истражување.

"Знаеме дека овој уред кој ги поврзува мозокот и компјутерот работи. Следното прашање е како да го интегрираме во домовите на луѓето, кои сами би можеле да ја инсталираат машината." – изјави Вилсон за Wired.com.

Овој начин на претворање на мисли во текстови
и компјутерски активности несомнено ќе инспирира голем број научници, очекувам наскоро да бидеме сведоци на неколку слични револуционерни уреди.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments