{mosimage}Најбрзиот раст на интернет корисници во развиените земји е кај постарите лица помеѓу 70 години и над тоа, беше речено на World Wide Web конференцијата во Мадрид. Оваа интересна информација доаѓа од истражувања во поразвиените земји каде што здравствените информации и услуги се достапни онлајна за граѓаните, главно САД и Велика Британија. Но за постарите интернетот служи и за забава и купување.
Според податоците на Pew Internet & American Life Project во 2005 година 26% од лица стари 70-75 години биле онлајн во САД, а во 2008 година дури 45% од нив го користеле интернетот. Исто така во истиот период се покачил и процентот на интернет корисници постари од 76 години до 17 на 27%.
Еве неколко интересни податоци за процентот на возрасните групи кои се онлајн и за нивните активности од најновиот извештај на Pew Internet.
{mosimage}
"Тие воглавно прават исто онлајн како што прават сите. Го користат интернетот за комуникација, и потоа бргу преминуваат на барање на информации, онлајн банкарство и шопинг“ рече Ендрју Арч од World Wide Web Consortium (W3C), кој работи со поставување на стандарди и подобрување на сајтовите за да бидат лесни за користење за постарите и лицата со хендикеп.
{mosimage}
Неодамна вкупниот број на интернет корисници достигна 1 милијарда и ќе продолжи да се качува. Од таа бројка, експертите очекуваат дека дури 20% ќе бидат луѓе постари од 60 години на интернетот до 2050.
Иако ова се случува во земји со развиени интернет услуги, било да се здравствени или информативни, сепак може да се случи наскоро да го сретнете вашиот дедо или баба онлајн на Facebook на пример. Или пак вашиот внук. :)






