File Explorer е феноменална алатка за организирање на вашите бројни податоци, но не е и семоќна, особено во ситуации кога сакате одреден фајл да го дели своето место со повеќе фолдери. Во такви ситуации, таканареченото тагирање знае и те како да помогне.
TagsToo е релативно нова, open-source алатка која ви дозволува да создадете дата база која е организирана преку прилагодливи обележувачи (тагови) од најразлични форми, имиња, или светли бои. Поради ваквиот визуелно бомбастичен систем на обележување (тагирање) лесно можете да го пронајдете она што го барате, што, од една страна, се и препорачува за лица кои не гледаат добро. Дополнително, може да активирате и моќни филтри за пребарување.

Еден поголем недостаток е тоа што TagsToo ниту автоматски интегрира се со explorer, ниту пак го поддржува принципот на фати и пушти. Наместо тоа, потребно е да внесете фајл со податоци, или да креирате дата база од почеток. Башка, многу корисници добиваат предупредување од оперативниот систем дека програмот не е безбеден. TagsToo е безбеден и не инсталира непотребни работи, но малата нефлексибилност во првичното средување, знае да пишмани бројни корисници.








