Македонската компанија Adeva добитник на награда за најинклузивна технолошка компанија

во feature, ИТ.МК

Со компанијата Adeva пред неколку месеци заедно го започнавме серијалот #SheCodes. #SheCodes започна како серијал на интервјуа на IT.mk во соработка со Adeva и Female Bootcamp. Female Bootcamp е првиот bootcamp за развивање на ИТ вештини за жени во Македонија, со цел развивање на дискусија и промоција на ИТ секторот пред жени кои што се заинтересирани за пристап во индустријата. Затоа и не бевме премногу изненадени кога слушнавме дека ја добиле наградата „Best Inclusive Tech Company“ на првите интернационални Women in Tech награди во Лисабон, Португалија.

Women in Tech е меѓународна непрофитна организација чија мисија е да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Организацијата се фокусира на 4 основни области кои се повик за акција: образование, претприемништво, проекти, награди. Целта е едукација и обука на жените и девојките со цел градење кариера во областа на новите технологии.

Катерина Трајчевска е софтверски инженер, ко-основач и извршен директор на Adeva. Таа ја основала Adeva со мисија да им донесе еднакви можности на програмерите од целиот свет, без оглед на нивната локација, пол или раса. Катерина е една од организаторите на глобалната иницијатива Learn IT, Girl! и иницијатор на многу локални активности за создавање на поинклузивен и разновиден ИТ екосистем. Таа моментално ја предводи и иницијативата Female Bootcamp, првиот bootcamp за развивање на ИТ вештини за жени во Македонија.

Катерина за наградата за најинклузивна технолошка компанија се најде во конкуренција на навистина успешни и исклучителни жени, меѓу кои и Ема Синклер од Велика Британија која ја има добиено MBE (Member of the Most Excellent Order of the British Empire) наградата која што ја дава кралицата на поединци за извонредна услуга за заедницата. Затоа сме посебно горди што во таква конкуренција, наградата отиде во рацете на Катерина. 🙌

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk