Унгарската полиција направи рација на CiNEDUB, заплени терабајти пиратскa содржина

во Свет

Унгарската полиција направи рација во станови за кои се верува дека припаѓаат на групата CiNEDUB која дистрибуира пиратска содржина ширум светот, и која гo принуди студиото Warner Bross да престане да објавува филмови во Унгарија бидејќи нивната содржина беше постојано преснимувана и потоа диструбируна.

Во рацијата која била побарана од унгарската Агенција за данок и царина, полицијата заплени 10 сервери, 3 од нив со вкупен капацитет 70 терабајти кои содржеле 5.000 пиратирани филмови, 4.000 песни, 6.000 видео игри и 500 парчиња софтвер. Од видеото подолу се гледа и сачмарка и трагови од кокаин.

Уапсени се двајца членови на 9-члената група, додека останатите се во бегство. „Повеќе од овој тим беше одговорен зошто големите американски филмаџии ја ставија Унгарија на црната листа“, велат властите објаснувајќи дека пиратите ја продавале нелегалната содржина со плаќања преку SMS и трансфери на пари во банки.

Иако во Унгарија подолго време има злоупотреба на содржината, пишува Torrent Freak, најголем интерес кој доведе до притисокот да се гони групата привлече инцидентот со филмот Hangover 2 чија пиратска верзија се појави ден по официјалното објавување. Пиратскиот филм имал англиско аудио додадено на унгарската верзија која била објавена од CiNEDUB.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајанчо
Трајанчо
10 years ago

Ве позздрравви варнер бросс.