Уметничка прави мали ремек дела со едноставниот MS Paint

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

Миранда Лорикит од Сиднеј, Австралија, работи како помошник во човечки ресорси, но тоа што ја исполнува е уметноста. Таа успеа да направи вистински уметнички дела со една од наједноставниот софтвер на светот – MS Paint. На нејзиниот Tumblr профил LazyBones можете да ги видите фотографиите и сликите направени единствено со MS Paint. Сепак, ограничениот софтвер не ја спречува да креира навистина прекрасни дела. Таа дури има и едноставен туториал со кој на заинтересираните им го објаснува процесот на креација.

Таа најпрво одбира фотографија од кои ја креира палетата, по што ги црта контурите на пејсажот, за на крајот со алатките од MS Paint како Fill, Copy/Paste да ја заврши сликата. Сликите на Миранда Лоркит се одличен доказ дека софтверот е само алатка во рацете на уметникот и дека можеби поскапиот софтвер помага за побрзо и поедноставо постигање на ефектите, но сепак уметноста зависи само од уметникот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Покрај помалку ограничувачките алатки на распологање во Paint, навистина и нема нешто што не може да го направите. MS Paint доаѓа со сите верзии на Windows и е најверојатно наједноставниот софтвер за цртање. Пред да кажете „Ама не може да се направи ова…“ ве потсетуваме на Миранда Лорикит. […]