Зошто е важна приватноста?

Како еден од првите новинари кои ги објавија доверливите документи што дека американската NSA ги шпионира сите – од обичните интернет корисници до лидерите на западните земји; добитникот на Пулицеровата награда, Глен Гринвалд, знае дека приватноста е клучно човеково право кое мора да си го заштитиме.

Во својот TED говор, г. Гринвалд зборува за реакциите на луѓето што ги забележал по објавувањето на тајните документи на NSA. Нема воопшто да ве изненади дека овој говор кој е објавен во октомври лани, може многу лесно да се примени и на прислушувањето во Македонија што беше обелоденето со таканаречената „бомба“. Македонските власти неовластено прислушуваат над 20.000 луѓе, и иако ова треба да биде фокусот на дебатите, луѓето сепак зборуваат дека нема што да кријат. Напротив, вели г. Гринвалд.

„Има причина зошто сакаме приватнсот, и таа причина е дека сите ние- не само терористите и криминалците – туку сите ние имаме потреба да се скриеме“, вели тој во својот TED говор. „Човечката срам е моќен мотиватор, и желбата да ја избегнеме, е причината зошто луѓето кога се во состојба да знаат дека се набљудувани, прават одлуки кои не се продукт на нивното однесување, туку очекувањата што другите ги имаат за нив или нормите во друштвеното опкружување“.

[youtube]pcSlowAhvUk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајко Петко
Трајко Петко
11 years ago

…пробај да му објасниш на сиве овие фејсбукаши шо е то приватност и зошто вреди да се чува и негува!
Ќе ти се изнасмеат во фаца, ќе си напраат едно селфи и ќе со шернат на ФБ (или сл.)…

macki
macki
11 years ago

yep, не е интернет и компјутер за секого