0 коментари 2 мин. читање 10 февруари, 2015

Еквадор е првата земја со сопствена дигитална валута

Еквадор е првата држава која креира сопствена дигитална валута. Ecuador Sistema de Dinero Electronicо (електронски ситем на валути), започна со регистрација на корисниците во декември, а паричните трансакции ќе започнат овој месец, јави CNBC.

„Електронската валута е дизајнирана да биде истовремена и да ја поддржи доларизацијата“, велат претставници на Централната банка на Еквадор.

Според законот во Еквадор, сите парични трансакции се во долари откако во 2000 година земјата ја напушти својата валута и ја замени со американскиот долар. Сепак и покрај поддршката на властите на „доларизацијата“, дел од анaлитичарите сметаат дека новата дигитална валута е фискален маневар со кој се подготвува де-доларизација. Со ова централната банка би можела да издава пари, кои не се поврзани со доларите.

Дигиталната валута нема да може да се исплаќаат работниците, но дел од услугите како на пример плаќањето на такси превозот ќе може да се прави со новата дигитална валута. Во последната трета фаза предвидено е и плаќање на данок со дигиталната валута. Според планот граѓаните на Еквадор ќе можат дигиталните пари да ги заменат за кеш без никаков проблем.

За разлика од најпопуларната крипто-валута – биткоин – која е забранета во Еквадор, новата официјална дигитална валута ќе биде контролирана од државата и ќе биде со еднаков курс како американскиот долар.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top