UI Faces е агрегатор на кориснички аватари од Александар Тасевски

во feature, Веб, ИТ.МК

Македонскиот дизајнер Александар Тасевски – Mighty Alex, денес лансираше агрегатор на кориснички аватари – UI FacesАгрегаторот би требало да го забрза процесот на дизајн на кориснички интерфејс со додавање на аватари.

Сите слики се тагирани според возраст, пол, емоција и боја на коса преку Microsoft’s Face API, што овозможува полесно филтрирање и селектирање на аватарите. Аватарите може да ги додадете во вашиот дизајн преку copy–paste, API и Sketch Plugin.

UI Faces денес е на Product Hunt и може да ја поддржите на следниот линк

Александар стои и зад други успешни проекти како Makergoals – сервис кој и помага на Product Hunt заедницата да најде активни и влијателни контрибутори и InstaNerd – Instagram за гикови, полн со факти кои ќе ве направи попаметни од друштвото.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] – кој досега има лансирано 5 производи на PH и тоа; UI Faces, Mono Name, #MakerGoals, Dock Name и […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk