Ubuntu Phone OS на Canonical е една од подискутираните теми овој период и како тие ќе настапат на пазарот. Колку и добро да изгледа дизајнот на овој нов мобилен оперативен систем, сепак голем недостаток на првите Ubuntu Phone OS паметни телефони со сигурност ќе биде немањето на избор на апликации.
Менаџерот за производство во Canonical, Ричард Колинс, во интервју за Engaged истакна дека уредите кои ќе се појават на почетокот на следната година ќе бидат наменети за почетниците и ќе им бидат достапни само основните апликации.
„Што се однесува до производствената стратегија каде што сакаме прво да станеме достапни на пазарот, намерата не ни е да имаме веќе наполнет маркет со апликации кои ќе бидат достапни за прземање. Имаме јасен пристап и идеја како да го решиме овој важен дел од пазарот, но прво сакаме да им овозможиме на корисниците да може да ги користат главните апликации“, вели г. Колинс во интервјуто.
Кои планови ги имаат од Canonical и како мислат да се пробијат на пазарот, ќе покаже времето кога ќе излезат првите телефони со овој оперативен систем.







