0 коментари 1 мин. читање 7 декември, 2017

Bitcoin стигна до 15.000 долари, балон или не?

Најпопуларната криптовалуита во моментов искачува нови височини. Bitcoin ја надмина границата од 15.000 долари, и барем засега не изгледа дека ќе запре. Иако добар дел и од ентузијастите погласно предупредуваат дека балонот би можел да пукне.

Крипто валутата порасна од 14.000 на 15.000 за помаку од 10 часа.

Аналитичарот на CNBC Џим Крејмер иако е оптимист, предупредува:

„Не би ги обвинувал другите за биткоин еуфоријата, но ова би можело да заврши навистина лошо“, додавајќи: „Не зборувам за тоа кога ќе заврши забавата, бидејќи можеби ќе оди до Марс, можеби до Јупитер“.

 

Проценките се дека денес пред да затвори берзата Bitcoin би можел да достигне и до 16.196 долари.

На почетотокот на годината 1 биткоин чинеше околи 800 долари. Од јануари криптовалутата порасна за 1.800%, а најголемиот дел од растот е по септември, кога крипто-валутата чинеше 3.500 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top