0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2016

Виртуелната реалност на Sony Playstation чини 400 долари

PlayStation и официјално ја објави датата и цената на нивниот уред за виртуелна реалност. PlayStation VR ќе чини 400 долари и пристига во октомври. Веста ја официјализира претставникот на компанијата во својот говор на Game Development Conference 2016 во Сан Франциско.

Уредот на Sony изгледа подобро од конкуренцијата, но доаѓа за значително пониска цена. HTC Vive чини 600 долари, а Oculus Rift 800 долари. Сепак за намалување на цената на уредот во него не е вклучена камерата, која е неопходна за играње, а чини 45 долари. Дополнително контролерот Move не доаѓа заедно со уредот, но корисниците барем ќе можат да го користат и стариот контролер. Можеби најголема предност на PlayStation VR е што сите конзоли доаѓаат со ист хардвер, а неговата цена е значително пониска од цената на минималната конфигурација за користење на Oculus Rift. Конзолата е доволно моќна за бројот на фрејмови да остане над 60fps и ширината на видното поле е околу 100 степени.

Цената на конзолата PlayStation 4 во моментов е околу 400 долари. Во спредба со цената на конфигурација за Oculus и Vive која е околу 1.000 долари, предноста на PlayStation 4 јасна. Дополнително последните бројки од продажба велат дека се продадени 32 милиони PlayStation 4 конзоли, што секако не е занемарлива бројка на гејмери кои би биле заинтересирани и за VR сетот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top