Uber платил 100.000 долари на хакери за да скрие крадење на податоци од 57 милиони корисници

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Во октомври 2016 година во хакерски напад се украдени податоци на 57 милиони Uber корисници. Ако се обидувате да се потсетите кога било ова, залудно е. Причината е што Uber им платил 100.000 долари на хакерите за нападот да остане тајна.

Податоците кои биле украдени биле од корисниците, но и од возачите на Uber. Така хакерите дошле до податоци за имињата, имејл адресите и телефонските броеви на корисниците на Uber од целиот свет. Дополниетлно, укредени се и 600.000 имиња и регистрациите на возилата на возачите на Uber.

Uber недоамна и самиот дозна за овој напад. Компанијата веќе ги отпушти двајцата вработени кои го скрија пробивањето, иако спред дел од изворите за ова знаел и самиот Тревис Каланик, тогаш директор на Uber.

За возачите на кои им се украдени податоците, Uber ќе обезбеди бесплатно следење на кредитните сметки и заштита од кражба на идентитет.

„Ништо од ова не смееше да се случи и немаме никакво оправдување. Иако не можам да го променам минатото , можам да ветам во име на сите вработени во Uber дека ќе научиме од нашите грешки. Го менуваме начинот на кој работиме; го ставаме интегритетот во јадрото на секоја одлука и работиме напорно да ја заслужиме довербата на нашите корисници“, вели Дара Косровшани, нов директор на Uber.

Јавното обвинителство од Њујорк сепак ќе отвори истрага за случајот, пренесе TechCrunch. Обвинителот Ерик Шнедерман повторно ќе се сретне на суд со Uber. Во јануари 2016 веќе беа пред судот за злоупотреба на податоците.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk