Федералната комисија за комуникација (FCC) најавува бришње на одлуката на претходната администрација која овозможи регулирање на операторите. Ова ќе им овозмоижи на интернет провајдерите да го поделат интернетот на приоритетни и неприоритетни ленти. Според дел од аналитичартите ова ќе овозможи за истата услуга во иднина да се плаќа трипати повисока цена.
Можеби ова и не треба да биде изненадување. Веднаш со поставувањето на Ажит Паи започна и одбројувањето за крајот на интернет неутралноста. Г. Паи тогаш тврдеше дека нема да ја промени одлуката, но по една година доказите покажуваат поинаку.
Промената на регулирањето ќе направи интернет провајдерите да бидат чувари на одлуката што и колку брзо поминува. Со новата регулација провајдерите единствно ќе мора да бидат транспаренти за праксите пред корисниците да се претплатат.
Ова можеби е прифатливо во дел од големите градови со повеќе провајдери, но во помалите места често е еден провајдер, ако воопшто има провајдер. Дополнително, транспарентноста нема да гарантира квалитетна услуга.
Интернет неутралноста е принцип кој обезбедува целиот интернет сообраќај да биде третиран подеднакво. Ова ги спречува провајдерите да блокираат, забавуваат, наплаќаат, или било како да контролираат содржина и веб-страници кои не им припаѓаат.
Зошто ова е лошо?
Можеби најдобро е да се погледне пример на држава во која нема заштита на интернет неутралноста. Еден ваков пример е Португалија. Поради непостоењето на заштита на интернет неутралност, провајдерите на мобилен интернет нудат најразлични пакети на своите корисници. За разлика од мобилните пакети тука, во Португалија во пакетите, како во пакети за кабловска телевизија се напикани различни онлајн канали. Ако посетувате сервис за кој не сте претплатени, провајдерот наплаќа повеќе, пренесува Quartz.
In Portugal, with no net neutrality, internet providers are starting to split the net into packages. pic.twitter.com/TlLYGezmv6
— Ro Khanna (@RoKhanna) October 27, 2017
Проблемот е што дури и со регулиран интернет, во 2014 година, 6 провајдери ја забавуваа програмата на Netflix. Промената е што оттогаш Hulu ја промени сопственоста, па сега делумно е во сопственост на Time Warner и Comcast. Ова ќе биде проблем, но Netflix сега е многу поголема компанија, па и самите може да предизвикаат проблеми за провајдерите.
Токму ова е главната причина што Netflix денес не е толку гласен како пред неколку години. Компанијата и самата во иднина би можела да го злоупотреби повеќеслојниот интернет кога ќе се бори со некој иновативен медиумски стартап.
Комисијата својата одлука ја отвора на последниот работен ден оваа недела. (Иако FCC планираше да го објави законот во среда попладне, веста протече порано.) Голем дел од коментарите се во насока дека причината за ова е да се замолчи јавноста. Секако, ова можеби помалку наликува и на теорија на заговор. Но, не е баш едноставно да се објасни. Во текот на процесот на преговори, сајтот на FCC беше под опсада на ботови кои ги поддржуваа промените. Со оглед на тоа дека за ова беше користен идентитет на повеќе њујорчани и Американци, Јавното обвинителство на Њујорк отвори случај.
„Во мај 2017 година, истражувачи и новинари открија дека просторот за коментари на FCC е корумпиран од огромен број на лажни коментари за можното отфрлање на интернет неутралноста. Со ова напаѓачот злоупотреби јавен процес во обид да го закопа јавното мислење на луѓе и компании кои сметаа дека ова е важно прашање. Полошо е што иако некои од овие коментари се со измислени имиња, некои се од вистински имиња со украден иднетитет. Ова е кражба на идентитет“, вели јавниот обвинител Ерик Шнајдерман.
Во текот на истрагата FCC не одговори на повеќе барања за доставување на клучни докази.
Гласањето за одлуката ќе биде на 14 декември. Засега мнозинството е доволно за да ја променат претходната одлука. По ова најверојатно ќе следи тужба од здруженијата за заштита на корисниците. Дополнително, можно е да интервенира и Конгресот кој би забранил било какво блокирање или забавување на сообраќај, вели Wired.