Размислете да се префрлите на AMD, новите процесори на Intel доаѓаат со безбедносен пропуст

Image courtesy of Intel

Безбедносни пропусти во фирмверот на најголем дел од процесорите на Intel им овозможува на хакерите да преземат контрола врз компјутерот. Речиси сите компјутери со Intel Core процесор по 2015 година се подложни на напад од далечина. Поради ова Intel издаде јавно предупредување.

Пропустот во ME го открија истражувачите на Positive Technologies, Максим Горјачи и Марк Ермолов.

Зафатени од пропустот и подложни на напад се:

  • 6-та (Sky Lake), 7-ма (Kaby Lake) и 8-ма генерација (Cannon Lake) на Intel® Core™
  • Intel® Xeon® Processor E3-1200 v5 и v6 процесорите
  • Intel® Xeon® Processor Scalable Family
  • Intel® Xeon® Processor W Family
  • Intel® Atom® C3000 Processor Family
  • Apollo Lake Intel® Atom Processor E3900 series
  • Apollo Lake Intel® Pentium™
  • Celeron™ N и J series

Ако имате процесор понов од 2015 година, преземете ја алатката од Intel и анализирајте го компјутерот. Иако речиси со сигурност се во опасност. Пронајдени се четири пропусти во верзиите на фирмверот од 11.0 до 11.20. Пронајдени се и две во постарите верзии на ME, 2 за Server Platform Services верзија 4.0 и 2 во TXE верзија 3.0

Безбедносниот пропуст им овозможува на напаѓачите да „се претстават“ како ME/SPS/TXE и да ја загрозат безбедноста. Потоа можат да вчитаат и стартаат код кој ќе биде невидлив и за корисникот и за оперативниот систем, што ќе овомзожи паѓање на системот и негова нестабилност.

Компанијата ги советува корисниците да ги проверат страниците на производителите за надградбa на фирмверот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
за целосна понуда на продукти, на market.it.mk