Стотици илјади компутери пред седум години беа дел од Kelihos, бот-мрежа која тогаш беше најголема. Мрежата е дело на Пјотр Левашов, руски државјанин. Тој сега е уапсен во Шпанија и ја чека својата екстрадиција во САД. Апсењето е соработка помеѓу локалните агенции и Федералното истражно биро.
Г. Левашов е откриен откако ја искористил истата IP-адреса која ја користи за управување со Kelihos за да ја провери својата пошта на [email protected]. Русија и САД немаат договор за екстрадиција, па ФБИ го искористи неговиот влез во Шпанија за да побара негово апсење. Сега властите од САД имаат 40 дена да ги презентираат доказите пред Шпанските власти, кои потоа ќе одлучат за екстрадиција.
Оваа мрежа се користи и за испорака на најголем дел од „ransomware“ малициозните софтвери. Мрежата ја користел и за спамирање, рекламирање и продажба на фалсификат лекови, лажна работа од дома, и измами за манипулации со акции на берза. Г. Левашов е своевиден ботнет гуру, а Kelihos не е негов прв ботнет, тој е креатор и на Storm, за чии операции е обвинет во 2009 година. Долго време е на листата на 10 најбарани спамери, јави Ars Technica.
Но, според сопругата на г. Левашов причинта за неговото апсење е многу поактуелна. Г. Левашов е упасен поради мешање во изборите во САД, и негова помош при изборите на Доналд Трамп, изјави за Russia Today.







