Уапсен операторот и 145 корисници на iSpoof – сервис кој придонесе да се направи штета од 120 милиони долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Во заедничка меѓународна акција на повеќе агенции за спроведување на законот уапсени се операторот и 145 корисници на iSpoof. Над 100 од корисниците и директорот на платформата се уапсени од полицијата во Лондон.

Истрагата покажала дека во последните 16 месеци веб-страницата заработила 3,7 милиони евра. Само во Британија загубите на жртвите се проценети на 49 милиони евра. Глобално направената штета е проценета на 115 милиони евра.

„Правосудните органи и органите за спроведување на законот во Европа, Австралија, САД, Украина и Канада ја отстранија веб-страницата која им дозволуваше на измамниците да се преправаат дека се доверливи корпорации или контакти, за да добијат пристап до чувствителни информации од жртвите. Вид на сајбер криминал познат како „spoofing“. Процената е дека веб-страницата предизвикала загуба поголема од 100 милиони фунти (115 милиони евра)“, вели Europol.

Што е iSpoof

iSpoof  е сервис кој им овозможуваше на криминалците лесно да го маскираат својот телефонски број и да се преправаат дека вртат од доверлив сервис. Криминалците го користеле за да го скријат својот број и да се претставуваат како претставници на банка или државна агенција. Вака успеале да ги измамат жртвите да споделат податоци потребни за финансиски трансакции. Ова на криминалците понатаму им овозможило да ги испразнат сметките на жртвите.

„Услугите на веб-страницата им овозможуваа на оние кои се регистрираат и плаќаат за услугата анонимно да прават лажни повици, да испраќаат снимени пораки и да пресретнуваат еднократни лозинки“, соопшти Europol.

Од јуни 2021 до јули 2022 сервисот бил искористен за да се направат 10 милиони лажни повици.

Истрагата за iSpoof започнала во јуни 2021 година, неколку месеци подоцна во август се вклучил и Europol.

Сопственикот на iSpoof е уапсен на 6-ти ноември во Лондон. Контролата врз isspoof.cc ја презема Федералното истражно биро, и платформата престана да функционира истата недела. Органите за прогон ја преземале контролата и врз ispoof.me.

Холандскиот оддел  за сајбер криминал за време на истрага за банкарска измама, ги пронашол серверите на кој бил хостиран iSpoof во Алмере, гратче во близина на Амстердам. По ова отвориле нова истрага, фокусирана на сервисот, и го откриле операторот на iSpoof во Лондон.

Полицијата во Холандија започнала да ги следи серверите во Алмере и откриле како функционира сервисот и кој го користи. Успеале да идентификуваат и да пронајдат два администратори на серверот. Уапсените администратори имаат 19 и 22 години.

Совети за „spoof“ напади

Заедно со извештајот за акцијата за затворање на iSpoof, холандската полиција сподели и листа на корисни совети за потенцијалните идни жртви на „spoof“ напади.

Вработените во банка никогаш нема да побараат од корисникот PIN или некој личен податок по телефон. Ако некој ви побара PIN или податоци затворете го телефонот. Ако измамникот дошол до вашиот PIN повикајте полиција.

Вработените во банка не доаѓаат во домовите за да разговараат или да земат платежна картичка од корисниците.

Банките не користат трезорски сметки и никогаш не бараат од клиентите да префрлат пари на овие сметки.

Банките не бараат од своите клиенти да преземат софтвер кој некој може да го користи да следи од компјутер или таблет компјутер.

Ако се сомневате дека повикот е легитимен, сами побарајте телефонски број од банката (не ги користите броевите кои ви ги дале преку телефон).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments